Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Двајца наставници од основни училишта од Куманово нападнале ученици во два одвоени случаи, соопшти денеска кумановската полиција.

Еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик.

Вчера 17:00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ.

Вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Директорот Јанев со честитка на новоизбраниот генерален секретар на ИНТЕРПОЛ, Валдеси Уркиза

Вториот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува во периодот од 04-07.11.2024 година во Глазгов, Обединетото Кралство, започна со избор на новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ, Валдеси Уркиза.

Вториот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува во периодот од 04-07.11.2024 година во Глазгов, Обединетото Кралство, започна со избор на новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ, Валдеси Уркиза, висок полициски функционер од Федералната полиција на Бразил. Во своето обраќање, Валдеси се заложи за понатамошно зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ИНТЕРПОЛ, со инклузивен, транспарентен и интегративен пристап за сите држави членки на Организацијата.

Нашата делегација, предводена од Директорот на БЈБ, Александар Јанев се сретна со Уркиза и лично му честиташе на неговиот избор, при што беше договорена билатерална средба со бразилската делегација, која ќе се одржи во текот на утрешниот ден, а со цел продлабочување на меѓусебните односи на полициско ниво помеѓу нашите држави и реализирање на заедничките иницијативи за поуспешна борба против криминалот, кој оперира преку двата континенти, а воедно и билатерална средба со новиот Генерален Секретар, за дискусија околу планираните активности и проекти кои ИНТЕРПОЛ ги спроведува и поддршката која директно ја обезбедува за нашата полиција.

За време на Генералното Собрание, македонската делегација оствари средби со делегациите на Аргентина, Катар, Полска, Грција и Малта, со цел потврда на постоечките партнерства за соработка и понатамошно унапредување во иднина, преку меѓусебна поддршка за градење и развој на полициските капацитети.

Македонската полиција е дел од светското полициско семејство и работиме посветено да бидеме гарант на глобалната безбедност.

Министерство за внатрешни работи

27- годишен работник од тетовско починал додека работел во центарот на Скопје

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од тетовкото село Ѓермо. 

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде потоа починал.

Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот бил пријавен на 2 ноември 2024 година.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известен бил трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Сослушани се 48 лица за несреќата во Нови Сад, денеска уште петмина

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека го искористило својот максимален капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници на јавни обвинители.

По повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека го искористило својот максимален капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници на јавни обвинители, објави Телеграф.

Како што е соопштено, во претходните три дена биле сослушани вкупно 48 лица, додека наредено е денеска да бидат сослушани уште 5 лица. Во истиот период од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е релевантна документација, чии детални анализи се во тек, а наредени се потребни вештачења за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до него, како и одговорноста на лицата.

„Посочуваме дека, по спроведената истрага, местото е расчистено со оглед на тоа што се работи за јавна површина и дека заради обезбедување докази, градежните остатоци од урнатата настрешница, по барање на јавен обвинител се преместени на безбедна локација, каде што се под постојан надзор на полициските службеници во Нови Сад. Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството, и само на ангажирани вештаци, заради увид , земање мостри и анализа на градежни остатоци и материјали, заради извршување на потребните вештачења“, се вели во соопштението на ВЈТ во Нови Сад.

Како што се наведува во соопштението, трагичниот настан од 1 ноември има апсолутен приоритет во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, кое продолжува со интензивна работа со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за кои јавноста ќе биде навремено и редовно известена.

притисни ентер