Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова победници на вториот атлетски маратон „11 Октомври

Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова победници на вториот атлетски маратон „11 Октомври Лозово 2023“.

Дарио Ивановски, во машка и Андријана Поп Арсова, во женска конкуренција се први на 15 - километарскиот Втор Атлетски маратон „11 Октомври Лозово 2023“ што по повод празникот денеска го организира Општина Лозово со подршка на бројни спонзори.

Освен медали и пехари најдобрите добија и вредни парични ваучери од 12,8 и 6 илјади денари за прво второ и трето место. Маратонците трчаа на релација Лозово-Милино-Каратманово-Дурфулија-Лозово каде беше стартот и целта на трката. Истата денеска беше одржана во идеални услови со сонце во прекрасен есенски ден по пат што води преку нивите и неколку населени места во реонот на Овчеполието. На трката имаше 53 учесници во машка и женска конкуренција професионални атлетичари од атлетските клубови од Велес, Скопје, Гевгелија, и други градови, како и атлетичари аматери.

Втор на 15 километри во машка конкуренција е Жан Тосев, трет Александар Арсов. Од велешките клубови четврто место освои Тале Илиевски од АРК „Борец“, а петото место го освои Роберто Димитриевски од АК „Велес“.

Во женска конкуренција на 15 километри, втора е Теа Божиновска, а трета Марија Стојановска.

Инаку, денешната трка беше во четири категории: на трката од 100 метри учествуваа деца од 7 до 10 години, на 200 метри од 11 до 14 години и трка на 400 метри на која учествуваа тинејџери од 15 до 18 години. Во сите категории на крајот свечено беа прогласени најдобрите за прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција и им беа доделени медали и пехари.

За највозрасен учесник на трката на 15 километри пофалница доби 77 - годишниот Санде Стојановски од Лозово, а за најмлад учесник Никола Саздовски од Лозово.

Воедно градоначалникот Бошко Цветковски во својство на организатор на сите учесници на маратонската трка при пристигнување на целта им ставаше медал за учество во оваа атлетска трка „11 Октомври Лозово 2023“.

Во изјавата за МИА, градоначалникот Бошко Цветковски потенцира дека целта што Општина Лозово ја организира оваа трка која прераснува во традиционална, а по повод празникот 11 Октомври, е да ги потикнат младите на спортување, на трчање и здрав начин на живот. Тој очекува догодина да им се приклучат што повеќе млади од сите градови од целата земја со што помасовно учество.

Александар Пандов и Агим Јонуз во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Партиски калкулации или предизборни махинации за идна влада, важи ли принципот „победник со победник“ или „кој губи има право да се лути“?

Кој ги сфати грешките, а кој ќе ја плати сметка од изневерени ветувања?

Се ќе почне од „0“ или ќе се случи политичко цунами, мајка или татко на нацијата, што ќе добиеме на 8 мај?

Ветувања или дела, кој најавува, а кој ќе ја сузбие корупцијата?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Александар Пандов и Агим Јонуз, по вестите во 18 часот.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

притисни ентер