Александар Пандов и Агим Јонуз во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Партиски калкулации или предизборни махинации за идна влада, важи ли принципот „победник со победник“ или „кој губи има право да се лути“?

Кој ги сфати грешките, а кој ќе ја плати сметка од изневерени ветувања?

Се ќе почне од „0“ или ќе се случи политичко цунами, мајка или татко на нацијата, што ќе добиеме на 8 мај?

Ветувања или дела, кој најавува, а кој ќе ја сузбие корупцијата?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Александар Пандов и Агим Јонуз, по вестите во 18 часот.

Хутите собориле американски дрон

Јеменските Хути собориле американски дрон МК9 над провинцијата Ал Бајда во јужен Јемен, соопшти денеска воениот портпарол на оваа милитантна група Јахја Сари.

Тој истакна дека дронот бил цел на проектил земја-воздух од локално производство и додаде дека ќе биде објавено видео кое ќе ги потврди овие тврдења.

Минатиот петок Хутите соопштија дека собориле уште едно американско беспилотно летало МК9 над југоисточната провинција Мареб.

Групата, поддржана од Иран, почна напади врз бродови во Црвеното Море во ноември во, како што велат, знак на солидарност со палестинскиот народ во Појасот Газа.

САД и Велика Британија почнаа серија напади против Хутите во Јемен во февруари како одговор на акциите на групата.

ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60 090,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари, информираат денеска од ССМ.

Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари.

Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75 465,00 денари.

Еден загинат, 17 лица се повредени во судар на камион и автобус кај Обреновац

 Во судир на автобус и камион во местото Стублине кај Обреновац, едно лице загина, а 17 лица се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Судирот се случил во 10.05 часот. Шест повредени лица се пренесени во КБЦ Бежанијска коса, додека 11 лица се во Здравствениот дом во Обреновац.

Според првичните информации загинатото лице е возачот на автобусот кој починал на самото место.

Повреден е и возачот на камионот кој учествувал во сообраќајната несреќа.

Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин. Полицијата врши увид теренот. /МИА

притисни ентер