Дали си играте грубо со вашите деца?

Еве како тоа влијае на нивниот мозок

Една докторка ја реши дилемата и изненади со својот совет.

Колку време реално поминувате со вашите деца? Сигурно барем еднаш сте се запрашале дали грубата игра со вашите деца, како што се нагли превртувања и слично, е добра за детето. Претежно, се очекува децата понекогаш да се степаат или да се расправаат за играчка, но што е со родителите кои грубо си играат со своите деца?

Оваа дилема ја решава д-р Ејми Шах, која објаснува зошто грубото играње може да биде дури и пожелно.

Дали грубата игра со децата е паметна?

Таа го објави видеото на Инстаграм и објасни дека од прва ваквата игра изгледа симпатично.

- Толку е слатко, но дали е добро да се игра грубо со децата и дали е добро возрасните да си играат со нив? Јас сум професор по англиски јазик, дипломиран доктор по медицина и нутриционист и секогаш размислувам за начините на кои можеме да ги подобриме нашите животи и животот на нашите деца. И би рекла дека грубата игра е еден од најдобрите начини навистина да го подобриме нивното и нашето ментално здравје - изјавила докторката.

Тоа објаснува зошто грубата игра е добра со децата.

- Да, постои наука која ги покажува когнитивните, социјалните и физичките придобивки од грубата игра. Тоа е човечко однесување и важи за сите полови. Добивате зголемување на вашиот неуротрофен мозочен фактор (BDNF). Добра е за градењето односи, дури е добра и за вашиот имунолошки систем. Сега знаеме дека луѓето треба да бидат надвор, да си играат, да ги прават сите оние работи што требаше да ги правиме. Затоа, малку груба игра за децата или возрасните не само што се препорачува, туку е добра и за здравјето – наведува оваа докторка во објавеното видео.

Што е BDNF?

Невротрофичниот мозочен фактор (BDNF) е секреторен протеин кој кај луѓето е кодиран од генот BDNF. BDNF е член на невротропинската фамилија на фактори за раст, која е сродна со канонските „нервни фактори за раст“. Невротрофните фактори се присутни во мозокот и во периферниот нервен систем.

Извор: srecna.republika.rs

Харис: Постигнат е „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа

- Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро, изјави Харис на телевизијата Си-Би-Ес.

Американската потпретседателка и демократски кандидат за претседател Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа, но оти напредокот е „бесмислен“ доколку договорот навистина не биде постигнат.

- Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро, изјави Харис на телевизијата Си-Би-Ес.

Харис во неделата најави дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра

СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение.

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.

Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ.

Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.

Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.

Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.

Оваа Македонија ќе ја смениме!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најстудено во Берово, најмногу дожд во Лазарополе

Најстудено утрово е во Берово со измерени 4 степени Целзиусови, додека со 13 степени најтопло е во Демир Капија.

Во Лазарополе утрово се измерени 5 степени, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица и Попова Шапка, 9 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Маврови Анови, 10Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес и Кавадарци, 11 степени во Гевгелија, Крушево и 12 степени во Виница.

Од УХМР информираат дека во изминатите 24 часа до 08 часот наврнало 5 литри на метар квадратен дожд во Лазарополе, 4 во Охрид и Дебар, а 1 литар на метар квадратен во Маврови Анови, Претор и Штип.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово е претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Дува слаб, на повисоките места умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

притисни ентер