Дали се прекршува „Отворен Балкан“ со ограничувањето на дел од извозот од земјава во Србија?

Повеќе од половина година, дел од македонските компании се соочуваат со нелојална конкуренција. 

Иницијатаивата Отворен Балкан со која требаше да се олесни протокот и трговската рамена меѓу компаниите од Албанија, Србија и Македонија се повеќе се злоупотребува на наша штета.

Македонија молчи за нелојалната конкиренција а Србија наместо слободни граници ни воведе квоти за извоз на земјоделско прехрамнеби производи која е на сила повеќе од половина година и нути претходната власт ниту по промената на владата на вавките заштитини мерки кои ги воведе Србија, со кои се крши договор за отворен балкан, не се преземаат мерки.

Еден од примерите е ограничувањето на извот со квоти на маргарин и забранат за извоз на масло од Македонија во Србија со што се создава нелојана конкуренција за која македонските власти молчат.

Велешката фабрика за преработка на сончоглед во 2023 година успеала да дојде до извоз од 360 тони на маргарин во србија со план за натамошен раст, но годинава овие бројки не се ни половина заради воведените квоти до Србија.

За разлика нив ние ги почитуваме принципите на отворен балкан и Српските маргарини снабдуваат 60% од нашите продавници со годишен извоз од фантастични 2600 тони.

Трговската размена со Србија на годишно ниво е близу една милјарда евра од кои 620 милиони ги плаќаме ние за узвоз на производи од Србија.

И додека сите бројки покажуваат дека Македонија од земјоделска земја се претвора во земја увозник на храна со постојан раст и оние малку фабрики кои успеваат да работат без заштита од нелојална конкуренција се потиснуваат а нашите пазари остануваат отврени за узвозната храна.

Бебе паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар и останало живо- очевидците шокирани (ВИДЕО)

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар.

Според очевидци, детето по падот давало знаци на живот и итно било пренесено во Општата болница во Нови Пазар, каде лекарите во моментов се борат за неговиот живот, јавува Информер.

Според неофицијални информации, здравствената состојба на детето е критична, а засега не се познати околностите под кои дошло до несреќата.

-Бев во кафулето на приземје од зградата, мислев дека некој фрлил жолта кеса од терасата и почнав да пцујам, но кога го видов детето не можев да поверувам - изјавил за Информер еден од очевидците.

Од катот од каде што постои сомневање дека детето паднало се гледа отворена тераса, како и ниска ограда.

Полицијата веднаш излегла на терен и во моментов се води истрага за да се утврди што довело до инцидентот.

Неделен хороскоп за 14.- 21. октомври 2024 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 14.-21. октомври 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Многу луѓе постојано ќе ве опкружуваат. Ќе бидете расположени , весели , подготвени се да споделите со нив , но без премногу обврски. Некои својата врска ќе ја стават во позиција на добро пријателство и ќе се откажат од поголеми интимности. Партнерот би можел да биде збунет.

Кариера

Вашето влијание во работата ќе биде базирано на вашата зрелост и професионалноста. Овие денови уште ќе чекате на некои одговори од соработниците , што може да влијаат на натамошниот развој на работата , но општо земено , се е под контрола и добро се одвива.

Здравје и совет

Задоволни сте со самите себе.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Иако вашата врска одлично ќе напредува,вие самите ќе бидете склони кон чепкање по ситници , а особено во вашиот внатрешен свет. Со таков пристап ќе ја загрозите спонтаноста , па затоа не претерувајте. Опуштете се.

Кариера

Колку долго сонувавте за некои деловни потфати , толку сега имате шанса да го покажете своето знаење и умеење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите на работното место . Подготвени сте за такво нешто.

Здравје и совет

Ќе бидете отворени за секакви предлози.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Следните денови вие еднакво ќе уживате било како самец со пријателите или во врска со саканата личност. Нема да чувствувате притисок , па по секоја цена мора да се зближите со некого. Ќе бидете навидум незаинтересирани кон другите , но со смисол за хумор.

Кариера

Следните денови работата најверојатно ќе ви падне во втор план. Ќе размислувате за духовниот свет, или пак во својот дом ќе воведете некои измени. На работното место ќе функционирате рутински. Ќе го одработите она што морате и ќе бидете далеку со духот.

Здравје и совет

Одете во природа .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате празно и незаинтересирано за некои љубовни активности. Тоа е последица на вашата заинтересираност за се друго освен за личниот живот. Внимавајте, саканата личност може да се почуствува запоставено. Мал подарок може да ја поправи работата.

Кариера

Доколку нешто треба да се менува , менувајте.наравете го тоа на мирен и постепен начин. Доколку ве критикуваат немојте да одговарате , туку продолжете и натаму да работите. важное да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е на чекор до вас.

Здравје и совет

Соработувајте повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Влијанието на љубовните планети врз вашиот љубовен живот деновиве ќе биде различно. Некогаш ќе ви изгледа како се да е можно, а некогаш ништо. Ќе ви биде потребна добра способност за прилагодување , за да ги издржите сите предизвици.

Кариера

Пред вас се работни денови полни со предизвици , со зголемена одговорност , како и контрола при работењето. Затоа бидете подготвени , потсетете се на она што до сега сте го постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности.

Здравје и совет

Потребено ви е повеќе спиење.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашите лични односи добро ќес е развиваат. Мали сомневања ќе имаат краткотраен карактер , па не им придавајте значење. Објективно , вратите на нечие срце ви се отворени. Не си го затворајте самите патот , туку одете таму каде што мислите дека припаѓате.

Кариера

Би биле најсреќни доколку се повлечете во своето работно катче и да работите нешто по свое. Некои овие влијанија ќе ги искористат за нови долгорочни планови , па ќе осмислат како да го подобрат она што го работат. Ќе има многу интересни идеи , па дури и повеќе.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе помислувате дека сте можеле повеќе да направите , но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите на зацврстување на она што сте го постигнале на личен план. Помалку филозофирање, повеќе интимност и се ќе ви оди како што треба.

Кариера

Ќе има се повеќе работа , а особено оние во дејноста услуги. Понекогаш нема да можете ниту да земете пауза , а најмногу ќе ве нервира што некои колеги илисоработници ќе функционираат и повеќе од немарно. Ќе се обидете да ги предупредите да работат посовесно.

Здравје и совет

Не заборавајте да се одморите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Состојбата во приватниот живот ќе се одвива добро. Саканата личност ќе ве поддржува, иако повремено ќе доаѓа до мали вербални недоразбирања. Истовремено ќе се појават бројни и многу убави љубовни шанси за оние кои се сами.

Кариера

Два чекора напред , па еден назад. Така деновиве би можела да се опише вашата работна недела. Сепак , кога ќе соберете пак сте во добивка. размислете за своите амбиции и планови. Дали се реални?

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе бидете се повеќе наклонети кон скривање на своите вистински чувства. Тоа понекогаш ќе предизвика недоразбирања во односите , зашто другата страна нема да биде подготвена. Внимавајте со ваквиот свој став да пропуштите добра љубовна шанса или некој друг да се откаже од додворување кон вас.

Кариера

Продолжувате да развивате се подобра деловна иднина. Остана уште малку време за да ги привршите подготовките. Неделава нема да биде се готово. Немојте тоа да ве изнервира , зашто на крај ќе видите дека се излегло подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Игнорирајте ги малите грижи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека важите љубовни односи се повеќе се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри за да бидете уште поотворени и посигурно да им пристапувате на личностите кои ви се допаѓаат. Оние кои се во врска , ќе бидат уште поблиски со саканата личност.

Кариера

Не сте ни помислувале дека може да ви тргне толку на добро. Ќе се поврзувате со луѓе , меѓу кои и со нови соработници уште подобро отколку што сте претпоставувале. Идеите ќе ги разменувате поинтензивно , а нивната примена ќе биде возможна. Пред вас се динамични денови.

Здравје и совет

Штедете си ја силата.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во своите лични односи ќе станете поотворени и поопуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што вие ќе имате доверба во партнерот , туку и обратно. Бидете свесни за тоа и чувајте го.

Кариера

Веројатно нема да излезете во прв план , но сепак ќе ви биде добро. На вас е да работите и да покажете што знаете. Ситуациите , луѓето и настануите ќе ви одат во полза , дури и кога на прв поглед состојбата нема да ви изгледа сјајна.

Здравје и совет

Не губете време на безначајни работи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Барањата што постојано ќе доаѓаат од други подрачја на животот, повремено ќе ви ги нарушуваат стабилните лични односи. Ако се обидете нешто да објасните , нема добро да поминете. Затоа бидете тивки и едниоставно сакајте. Така ќе биде најдобро.

Кариера

Ќе се засили кореспонденцијата со колеги кои не се од местото каде што работите. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате деловни искуства. Некои ќе заминат на службен пат. Тоа ќе ги освежи и ќе разбуди кај нив авантуристички идеи.

Здравје и совет

Вашите таленти чекаат да се истакнат. Развивајте ги.

Јаневска: Во февруари идната година ќе се потпише нов колективен договор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Владата само симболично ги зголемила платите на наставниците, што било далеку од потребното. 

Постигнатиот договор за повисока плата на вработените во образованието за 5 %, која ќе ја добијат идниот месец, е најоптималната моженост која во моментов ја нуди буџетот, вели министерката за обрзавоание Весна Јаневска за Канал 5. Според неа преку партнерски дијалог по речеиси 3 месеци преговори била постигната заедничката цел со СОНК, вели и до оваа бројка од 5 % стигнале на многу тежок начин со оглед на тоа каков буџет затекнале. Очекува новиот колективен договор да биде потпишан во февруари идната година, а во него ќе биде вклучена и спогодбата за континуиран раст на платите во следните 4 години.

„ 3 ипол месеци постојано работиме на ова со СОНК за да најдеме заедничко решение, и во корист на наставниците и во корист на учениците за да не губат насатава. Ова беше партнерски дијалог и постигнавме заедничка цел. Ова е најоптимална моженост која ја нудди буџетот. Но тоа не значи дека во иднина наставниците и останатитот училишен персонал договроот важи за сите нема да добијат повисоки плати.“

Јаневска уверува следната година учениците ќе добијат учебници по странски јазици, а во однос на реформите во образованието, вели ги има многу, но клучни, според неа, сега се промената на делови од концепцијата, воведувањето на едносменска и целодневна настава, промена на матурата, и реорганизација на високото обрзаование.

„Со светска банка правиме анализа на вишокот на наставници и потребите на учиилиштата за инфрастурктура , значи доградба на училници или изградба на училишта што генерално се однесува на Скопје додека во дргуите места нема толкава потреба од сето тоа... “

Покачувањето на платите од само 5% од опозициската СДСМ го оценија како обид на власта за, како што велат, амортизација на незадоволството коешто постои. Првиот човек на партијата Венко Филипче вели власта не го почитува законот, па немасто законски предвидените 12, ги покачи платите за само 5%, што според него е недостоинствено решение и е далеку од потребното.

„Само 5 % и тоа под притисок на јавноста и нашата партија. Ова не е достоинствнео решение, ова е обид само да се смири револтот со симболично зголемување што е далеку од вистинската потреба за нашите наставници. “

По повеќе месечни преговори вчера Владата и СОНК постигнаа договор. Очекувањата на власта се дека до 2028 година година наставниците и професорите ќе имаа повисоки плати за минимум 46%. Следното покачување во март идната година ќе биде за 2 % поголемо, а во март 2026 и 2027 зголемувањето ќе биде помеѓу 7,5% и 10 %, а веќе во март 2028 година растот ќе изнесува од 10 до 12,5 %.

притисни ентер