Дали користите „WeTransfer“? Доаѓаат лоши вести

Корисниците кои не плаќаат претплата на „WeTransfer“ со новата надградба ќе можат да префрлаат најмногу 10 датотеки со вкупна големина до три гигабајти месечно.

Многу популарната услуга за испраќање големи датотеки преку Интернет, „WeTransfer“, ја промени својата понуда и ажурираше одредени ограничувања за претплатни пакети, а промените ги засегаат и оние кои бесплатно ја користат услугата (кои, веруваме, се мнозинство).

Максимум 10 трансфери

Новата политика за користење стапи во сила на 16 декември без многу најава, а според новите услови беше поставено ограничување на бројот на бесплатни прикачувања во текот на еден месец, со зголемен лимит на големината на поставените датотеки. Според новите правила, сите бесплатни корисници имаат можност да направат најмногу 10 трансфери месечно, со вкупна големина до 3 GB.

Покрај ова ново ограничување, „WeTransfer“ воведе и неколку новитети за корисници кои не се претплатени. Најзначајно од нив е зголемувањето на лимитот за еден трансфер, кој сега може да биде „тежок“ и до 3 GB (наместо претходните два). Дополнително, бесплатните корисници сега имаат пристап до датотеките поставени таму за соработка и ревизија, сите трансфери може да се заштитат со лозинки во бесплатната верзија, а на оние кои продаваат датотеки преку услугата им е отстранета провизијата на платформата од 5%.

Нови претплатни пакети

Промените влијаеја и на опциите за претплата. Основната претплата за „Starter“ чини 6,99 долари месечно и ви овозможува да испраќате датотеки до 300 GB, со исто ограничување како и бесплатната опција - дозволени се максимум 10 префрлања со вкупна големина од 300 GB во текот на 30 дена. Поскапата опција „Ultimate“ чини 25 долари месечно и вклучува се што претходно беше понудено од претплатите на „Pro“ и „Premium“ – користење без никакви ограничувања.

Пресметката на месечните лимити ќе се врши за сите пакети на ротирачка основа, што значи дека бројачот нема да се ресетира за сите корисници на први секој месец. Наместо тоа, сите ограничувања важат за изминатите 30 дена и се пресметуваат за секој корисник/претплатник врз основа на нивната активност.

Постојните претплатници на старите пакети (кои чинат 15 и 25 долари) ќе бидат преместени во новата, најскапа опција, но ќе имаат можност да ја откажат претплатата или да се префрлат на новиот, поевтин пакет. Сите овие промени доаѓаат откако WeTransfer во јули оваа година го презеде „Bending Spoons“, која набргу потоа отпушти 75% од своите вработени.

Извор: Б92

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Горан Пандев спортски директор на националните селекции. Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ.

Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар.

Веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, покажуваат резултатите од вонредниот мониторинг по вчерашната санација.

Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и по добиените резултати информира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина

-Четворица од повредените во трговскиот центар биле пренесени во болници, а петтиот сам си заминал, изјави наредникот Брајан Вашко од Одделот за јавна безбедност во Тексас на вечерниот брифинг со медиумите.

Возач кој бегаше од полицијата вчера влетал со својот пикап во прометната продавница „Џеј Си Пени“ (JCPenney) во американската сојузна држава Тексас, при што повреди пет лица пред да биде смртно застрелан од органите на редот, соопштија властите.

-Четворица од повредените во трговскиот центар биле пренесени во болници, а петтиот сам си заминал, изјави наредникот Брајан Вашко од Одделот за јавна безбедност во Тексас на вечерниот брифинг со медиумите.

Повредените биле на возраст од шест до 75 години, а засега не се знае каква е нивната состојба.

Инцидентот започнал со телефонски повици за возач кој чудно се однесувал во црн пикап во Белтон, на околу 20 милји подалеку. Возачот влегол на паркингот во трговскиот центар, влетал во стоковната куќа и продолжил да вози.

Локалните органи за спроведување на законот во трговскиот центар, еден чувар на смена и двајца други кои не биле на должност, биле вклучени во престрелка со осомничениот.

Засега нема информации за идентитетот на осомничениот.

притисни ентер