ЦУК: Пет пожари на отворено, гореле ѓубре и сува трева

Во последното деноноќие се регистрирани пет пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места.

Гореле ѓубре и сува трева и ниска вегетација во општините Карпош, Струмица, Валандово, Македонска Каменица и во Општина Битола, соопшти ЦУК.

Пожарникарите интервенирале на запаленo ѓубре и сува трева кај месноста „Зајчев Рид“ во Општина Карпош, на опожарено ѓубре кај сепарацијата „Јурумлери“ во Општина Гази Баба, на запалена ниска вегетација и ѓубре во струмичкото село Робово и валандовското село Марвинци, како и на запалена ниска вегетација во с. Долна Саса во Општина Македонска Каменица и на ул. „Дебарска“ во Битола.

Дурмиши: Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците

Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците ова утринава го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши за мерката за ограничени маржи која треба да заврши на крајот на месецов.

Според него мерката ги дала потребните ефекти. Инаку потрошувачката кошничка повторно е над илјада евра за четиричлено семејство. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. Државната статистика објави дека втор месец по ред се намалува просечната плата.

Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и  одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, вчера во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, извршиле претрес во домот на З.В.(55) во село Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

„Гответе со Дракче“ - Качамак со прелив од сусам

Во четврток (24.10.2024) во емисијата гостин ни беше Симон Поликарп Џими

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче палента

80 - 100 мл. млеко

1 главица кромид

300 гр. пилешки стек

1 пилешка коцка

100 - 150 гр. сусам

200 гр. доматно пире

1 коцка путер

1 лажица сув зачин

малку бибер и сол

други зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер