Од безбедносни причини, белградскиот состав не отпатува во Подгорица на 13. коло од регионалната кошаркарска лига.
Кошаркарите на Будуќност се појавија на подот во салата ,,Морача’ во предвиденото време, во 18 часот, а заедно со судиите чекаа 15 минути, според правилата на играта.
Топката беше исфрлена на теренот иако немаше противници , а судиите прогласија дека тимот на Будуќност е победник.
„Во случај тимот да не се појави неоправдано или одбие да учествува во натпревар, тој тим автоматски го губи натпреварот со резултат 0:20 и, кога е применливо, не оди во понатамошните фази на натпреварувањата“, се вели во членот 32.1 од правилата на АБА-лигата. .
Кошаркарите на Ѕвезда ги имаа подготвено своите билети и скоро се качија на авион до Подгорица, но во последен момент се откажаа на барање на белградскиот клуб и шампионите во АБА-лигата.
Причината е деликатната состојба и тензиите во Црна Гора заради донесувањето на Законот за религија и слобода на верата и правниот статус на верските заедници. Претседателот на Ѕвезда, Небојша Човиќ зборуваше за тоа на вонредната прес-конференција.