Честитка од министерот Минчев по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Честитка од министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

Турскиот јазик е нераскинлив дел од нашето општество и културното наследство на Република Македонија, порачува министерот за јавна администрација, Горан Минчев во честитката по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

На 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, го славиме богатството на нашата заедничка мултикултурна традиција и значењето на мајчиниот јазик во образованието и зачувувањето на идентитетот, порачува во честитката

-Негувањето и промовирањето на наставата на турски јазик не само што ги зајакнува образовните процеси, туку придонесува и за поголемо разбирање и почитување меѓу сите заедници во нашата земја. На сите наставници, ученици и нивните семејства им го честитам овој значаен ден, со желби за успех, инспирација и напредок! Среќен 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, се вели во честитката од министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, покажуваат резултатите од вонредниот мониторинг по вчерашната санација.

Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и по добиените резултати информира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина

-Четворица од повредените во трговскиот центар биле пренесени во болници, а петтиот сам си заминал, изјави наредникот Брајан Вашко од Одделот за јавна безбедност во Тексас на вечерниот брифинг со медиумите.

Возач кој бегаше од полицијата вчера влетал со својот пикап во прометната продавница „Џеј Си Пени“ (JCPenney) во американската сојузна држава Тексас, при што повреди пет лица пред да биде смртно застрелан од органите на редот, соопштија властите.

-Четворица од повредените во трговскиот центар биле пренесени во болници, а петтиот сам си заминал, изјави наредникот Брајан Вашко од Одделот за јавна безбедност во Тексас на вечерниот брифинг со медиумите.

Повредените биле на возраст од шест до 75 години, а засега не се знае каква е нивната состојба.

Инцидентот започнал со телефонски повици за возач кој чудно се однесувал во црн пикап во Белтон, на околу 20 милји подалеку. Возачот влегол на паркингот во трговскиот центар, влетал во стоковната куќа и продолжил да вози.

Локалните органи за спроведување на законот во трговскиот центар, еден чувар на смена и двајца други кои не биле на должност, биле вклучени во престрелка со осомничениот.

Засега нема информации за идентитетот на осомничениот.

Масар Омерагиќ избран за нов претседател на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија на денешното вонредно Изборно Сообрание доби нов претседател. 

Со акламација долгогодишниот фудбалер и спортски работник Масар Омерагиќ денеска е избран за нов предводник на Фудбалската федерација на Македонија.

Како единствен кандидат на денешното Собрание, Омерагиќ ја доби довербата од сите присутни делегати.

Омерагиќ беше поранешен фудбалер на Слога Југомагнат, Балкан, Вардар... кои освојуваше шамионски трофеј во македонското првенство, по крајот на играчката кариера стана фудбалски работник.

Пред изборот на нов претседател делегатите ја констарираа оставката на досегашниот претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Јас сум човек од фудбалот, еден од вас и знам во која насока треба да го развиваме македонскиот фудбал. Како и во фудбалот, ова е тимска работа, во која треба многу трчање и многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во мојот мандат и пред сè враќање на легендите во структуритее на македонскиот фудбал“, изјави Омерагиќ, најавувајќи притоа нулта толеранција за корупција во фудбалот.

Изборот на Омерагиќ на вонредното собрание преку свои претставници му го честитаа УЕФА и ФИФА, посакувајќи успеси на македонскиот клупски и репрезентативен фудбал во годините кои доаѓаат.

Инаку, Масар Омерагиќ е седмиот претседател во историјата на македонската куќа на фудбалот по осамостојувањето.

Негови претходници во 32 годишната историја на ФФМ беа: Алексо Кипровски (1992-1993), Љубисав Иванов – Ѕинго (1993-1999), Ламбе Арнаудов (1999-2002), Харалампие Хаџи-Ристески (2002-2012), Илчо Ѓорѓиоски (2012-2018) и Муамед Сејдини (2018-2024).

притисни ентер