По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут, додека Фјури има 34 победи, а единствените два порази ги претрпе од украинскиот боксер.
Триесет и седумгодишниот Украинец синоќа славеше со 116:112 во бодувањето на тројцата судии.
„Фјури е исклучителен боксер, зад нас остана голема борба. Но, јас сум исклучително среќен, зад мене имам серија исклучителни борби и одлична кариера“, изјави Усик.
Фјури по мечот инсистираше дека Усик добил предвремен божиќен подарок и ја оспори едногласната победа на Украинецот во поени.
„Почувствував малку божиќен дух и мислам дека доби мал подарок од судиите. Ран божиќен подарок“, рече Фјури, кој ја загуби првата борба од Украинецот со поделена одлука на судиите во мај.
„Бев убеден дека ја добив таа борба. Мислам дека ги добив двете борби, но дома си одам со два порази. Секогаш ќе верувам до денот кога ќе умрам дека ја добив таа борба“, додаде Британецот.