Борба со криминал и корупција, социјални политики, ЕУ перспектива, дел од темите.

Жаклина Пешевска и Јованка Тренчевска, гости во Само Вистина.

Поенти:

Жаклина Пешевска:

- За шест месеци не може се поправи ураганот што го направивте во Македонија, во било која област да тргнеме.

- За прв пат ви се случи пензионерите да ви протестираат во Македонија и вие тоа го минимизирате.

- Штитевте директорка на градинка што си набавувала храна и алкохол.

Јованка Тренчевска:

- Прочитајте ја ставката за социјални услуги, ги намаливте средствата за инвалидските организации.

- За шест месеви ништо не направивте.

- Никој не може да даде усни, ниту писмени гаранции за тоа што го барате, немате ни план ниту визија што сакате да направите со ЕУ перспективата.

Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници

Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа илјадници верници.

На мисата и претходеше отворањето на „Светите врати“, кои го симболизираат почетокот на католичката света година, позната и како јубилеј. Светата година се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување.

Оваа традиција датира од 1300 година, кога за прв пат ја вовел папата Бонифациј VIII.

Папата Франциск ја отвори „Светата врата“, посебен чин кој претставува надеж и обнова за верниците ширум светот.

Папата рече дека приказната за раѓањето на Исус треба да ги поттикне луѓето да се надеваат дека секој може да влијае на светот.

-Надежта е покана да не се одолговлекува, да не се задржуваме од старите навики или да останеме во просечност или мрзеливост. Надежта нè повикува да бидеме вознемирени од нештата што се погрешни и да најдеме храброст да ги промениме, рече папата Франциск.

Аџиите кои ќе дојдат во Рим за време на „Светата година“ можат да добијат простување на гревовите, а овој јубилеј трае до 6 јануари 2026 година.

Ватикан очекува до 100.000 аџии да минуваат низ вратите секој ден следната година.

Словенија го забрани величење на четниците и усташите

 Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот.

-Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во Словенија.

Следствено, во листата на забранети биле вклучени и четници и усташи, заедно со словенечките соработници на фашистичките сили.

Казната за прекршителите на законот ќе изнесува од 500 до 1.000 евра, предвидуваат усвоените измени на Законот за зачувување на јавниот ред и мир.

За гласаа 48 делегати, а шест беа против. На седницата за време на гласањето не присуствуваа претставници на СДС, чиј претседател е Јанез Јанша, поранешен премиер на Словенија во три мандати.

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните во 2024 година

 Атлетската федерација на Македонија на свечена церемонија вчеравечер во Скопје ги додели наградите за најуспешните атлетичари во 2024 година.

Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова е задоволна од постигнатите резултати.

-Горда сум што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот за кој што живеам, спортот кој што ме дефинираше како личност и спортот кој што сакам да го видам на највисокиот пиедестал. 2024 беше година на нови рекорди, нови таленти и извонредни спортски резултати. Им се заблагодарувам на сите македонските атлетичари кои продолжуваат да ја предводат атлетиката во регионалните и европските натпревари, што даваат тежина на самата федерација, што го уважувате спортот и сигурна сум дека заеднички ќе продолжиме да креираме една убава заедничка приказна за атлетиката. Оваа вечер е прилика да ги наградиме најуспешните во сите категории, истакна Војнеска-Зикова.

Признанијата беа доделени во следните категории:

Млади пионери - Тина Доневска, клуб : Работнички и Парис Златановски клуб: Куманово.

Пионери - Ева Митевска, клуб: Работнички и Дамјан Ѓоргиевски., клуб: Работнички.

Млади младинци - Лина Исени, клуб: Лириа и Брајан Авија, клуб: 7миМај.

Младинци - Mелиса Димитриоски, клуб: Дрини Старт и Владимир Битољану, клуб: Центар.

Сениори - Дрита Ислами; клуб: Работнички и Дарио Ивановски.

Признание за најуспешен атлетски клуб за 2024 година беше доделено на Атлетски клуб Делта од Скопје.

Признанието за најдобар тренер од Европската атлетска федерација во 2024 година му беше доделено на Алим Хајредини од АК Дрини Старт.

Признание за животно дело беше доделено на Мире Ивановски, легенда на македонската атлетика и долгорочен предводник на Атлетски клуб Вардар.

притисни ентер