Сепак, снимката на која астронаутите носат капи и украси на Дедо Мраз предизвикаа мноштво теории на заговор на Интернет, пишува Њујорк пост.
За многумина најголем проблем беше појавувањето во празничното издание на Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, двајца астронаути кои во јуни отидоа во орбитата на една недела и ќе останат во вселената барем до март поради дефект на Боинг Старлајнер.
- Добредојдовте на Меѓународната вселенска станица додека се подготвуваме за божиќните празници. Ова е одлично време за поминување со семејството на вселенската станица. Седуммина сме овде горе па ќе уживаме заедно - изјави Сунита Вилијамс.
- Дали со себе понесоа капи на Дедо Мраз пред лансирањето? Или таму ги плетеа? - напишал еден корисник на Икс (Твитер).
Друг коментатор се огласи:
- Дали се тоа истите оние кои заминаа на осумдневната мисија во јуни?
Трети, пак, веруваа дека присуството на украсите е знак на голема завера и дека астронаутите всушност не биле заглавени во вселената.
- Сето тоа е едно големо шоу - напиша еден коментатор.
Друг корисник на X додаде дека астронаутите кои лебдат во вселената се всушност во филмско студио.
Сепак, објаснувањето за работите што ги збунуваат теоретичарите на заговор е прилично едноставно. New York Post потврди дека капата на НАСА за Дедо Мраз - заедно со други украси, специјални подароци за членовите на екипажот на вселенската станица и новогодишни оброци - биле дел од пратката од 3 тони на SpaceX кон крајот на ноември.
Меѓународната вселенска станица се снабдува неколку пати годишно, па постоењето на украси воопшто не изненадува. Особено ако се земе предвид дека станицата работи од 2000 година и дека многу астронаути веќе ги прославија Божиќ и Нова Година во орбитата. На пример, ова не е прв Божиќ за Вилијамс во вселената: таа беше дел од мисијата во 2006 година, која беше закажана за божиќните празници.
Доставата на храна вклучува шунка, мисирка, компири, зеленчук, па дури и пити и колачиња. Други мисии и научни предмети биле дел од испораката. И со дел од дополнителниот простор, НАСА испрати неколку празнични предмети за астронаутите, вклучувајќи капи и новогодишна елка.
Од 10-те луѓе кои моментално се во вселената, 7 се на Меѓународната вселенска станица. Заедно со Вилмор и Вилијамс, тука се и нивните американски колеги Ник Хејг и Дон Петит, како и руските космонаути Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Александар Горбунов. Рускиот дел од екипажот денеска не го слави Божиќ, туку според јулијанскиот календар.