Бочварски: Одлуките на Уставен Суд се конечни и не треба да се коментираат

"11 години бевте на власт, зошто не направивте подобар договор?"

Ако не беше Преспанскиот Договор, ќе имаше членство во НАТО? 11 години бевте на власт, што не направивте подобар договор? Ветува пред изборите дека ќе донесат подобри предлози од ЕУ и еве ние чекаме тоа и да се случи. Ако имаат подобар предлог нека го презентираат пред сите политички партии итие уставни измени како планираат да се случат си тие финеси кои што се дискутираат во јавноста. И сега на крај кој ни стави вето за ЕУ, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Околу законот за употреба на јазиците, Ахмети може да си дава свои ставови, по многу прашања не се согласуваме со ДУИ исто како што и со ВМРО-ДПМНЕ за некои прашања нема да се согласиме, важно е дека одлукаите на Уставен Сид се конечни и не треба да се коментираат, рече Благој Бочварски во Само Вистина.

СДСМ: Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна

Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра.

Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари, што е ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец.

Месечната кошничка за основните потреби на граѓаните стана прескапа.

Ова е резултат на погрешната политика на Мицкоски кој ги игнорира потребите на граѓаните и не презема мерки за заштита на стандардот.

СДСМ предложи конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите.

Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ:

-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.

-Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.

Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.

- АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе – напиша Леброн.

Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.

- Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.

Џејмс кој наскоро ќе наполни 40 години се уште е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во здрвството започнуваат со грижата за здравствените работници

Промените во здрвството започнуваат со грижата за здравствените работници и покачувањето на платите од над 40% во еден мандат.

Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри.

Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ следуваат реформи и трансформација на здравствениот систем.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел.

Планот за зголемување на платите започнува во 2024 година, а средствата за плати во здравството се покачуваат за 10% и овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години.

Следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува модификација и реформи во здравствениот систем, подобрување на услугите и грижа за пациентите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите во здравствениот систем.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер