Блинкен разговараше со новоименуваниот секретар на НАТО Марк Руте

Државниот секретар Ентони Блинкен имаше  разговор со новоименуваниот генерален секретар на НАТО Марк Руте, при што му честиташе за преземањето на функцијата, соопштија синоќа од американскиот Стејт департментот.

-Државниот секретар Блинкен и генералниот секретар Руте разговараа за непосредната и долгорочната поддршка на Украина од страна на САД и НАТО, вклучувајќи го спроведувањето на Програмата за безбедност и обука на НАТО за Украина, со цел да и се помогне да се одбрани денес и да спречи руска агресија во иднина, се наведува во соопштението.

Блинкен и Руте исто така разговарале и за планот за дејствување на сојузниците, договорен на самитот во Вашингтон година во јули.

-Двајцата разговараа за продлабочување на односите на НАТО со партнерите, вклучувајќи го Индо-тихоокенскиот регион и јужното соседство на НАТО (во ко се вклучени земјите од Блискиот исток, Северна Африка и регионот на Сахел). Двете страни ја истакнаа важноста на незаменливата трансатлантска врска на НАТО за обезбедување на нашата безбедност, стои во соопштението.

Преземајќи ја должноста нов генерален секретар на НАТО, Марк Руте претходно нагласи дека Северноатлантската алијанса ќе продолжи да ја поддржува Украина.

-Колку повеќе ќе и помагаме на Украина во овој момент, толку побрзо сето ова ќе заврши, рече генералниот секретар на НАТО на прес-конференцијата. „Путин треба да сфати дека нема да се откажеме и дека сакаме Украина да победи“.

Руте посочи дека цената за поддршка на Украина е многу пониска од цената на победата на Путин. Притоа, тој нагласи дека правото на Украина за самоодбрана „не завршува на границата“.

Кога ја презеде функцијата во вторникот Руте прими честитки и од претседателот на САД Џо Бајден.

„Генералниот секретар Руте има импресивна работна биографија како човек кој промовира постигање консензус и како решителен лидер, се вели во изјавата на Бајден, објавена од Белата куќа. „Цврсто сум уверен дека тој ќе продолжи да ја развива нашата работа за зајакнување на НАТО, така што алијансата ќе биде посилна, поголема и поодлучна од кога било, во спроведувањето на својата мисија за создавање побезбеден свет за нашите народи. Соединетите Американски Држави остануваат длабоко посветени на Северноатлантската алијанса – најуспешниот сојуз во светската историја. Ние цврсто се придржуваме до нашата света обврска од член пет: напад на еден е напад на сите.“

Општина Центар и Нула Отпад во еко акција за правилно селектирање на е-отпадот

Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под  мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “  ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.

Во рамките на овој заеднички проект, во сите основни училишта во општината е поставена за инфраструктура од контејнери ситен електронски отпад и отпадни батерии, а од 1-14 октомври се предвидени работилници наменети за едукација на децата за собирање и селектирање на овој вид отпад.

На работилниците во ООУ „Киро Глигоров“ наменети за второоделенците денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

„Децата од мали нозе стекнуваат навики за правилно постапување со електронскиот и други видови отпад. Тие брзо учат како да собираат и селектираат и во тој поглед се посовесни и поодговорни од возрасните. Јас, како градоначалник, давам целосна поддршка на вакви акции што придонесуваат кон заштита на нашето здравје и околината“, рече Герасимовски.

Паралелено со едукацијата на децата како еко амбасадори кои пораката ќе ја пренесат дома, достапна услуга за селекција и рециклирање на овој вид на отпад за граѓаните е Еко Линијата 070 236 000, каде граѓаните секој ден можат да пријават и погабаритен стар електричен или електронски отпад од своите домови и компании, и истиот да биде бесплатно преземен и правилно третиран без да биде закана по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина воопшто.

Здружената акција на Општина Центар и Друштвото за управување со отпад “Нула Отпад” се спроведува во пресрет на 14 Октомври, Меѓународниот ден на електронскиот отпад.

Општина Центар

Мицкоски жали што Ахмети ја споредил својата партија со гума за спасување

Ахмети се навикнува во  опозиција, и му треба адапатација, ова е одговорот на министерот Таравари на повикот на Ахмети ВЛЕН да излезе од Владата .

Таравари утринава со премиерот Мицкоски го промовираа новиот апарат за магнетна резонанца.

Мицкоски рече дека жали што Ахмети ја ја споредил својата партија со гума за спасување и и порача на Демократската унија за интеграција да се реформира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко фрикасе

Во среда (02.10.2024) во емисијата гостин ни беше Анита Даева

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

250 гр. козервирани печурки

1 главица кромид

2 моркова

1 пиперка

2 - 3 чешниња лук

200 мл. бело вино

2 - 3 лажици кари

малку масло

сув зачин и бибер по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер