Белгиецот Брис нов селектор на Камерун

Белгискиот фудбалски стратег Марк Брис е назначен денеска за нов селектор на Камерун, откако е одлучено договорот на досегашниот предводник Ригоберт Сонг да не биде обновен, соопшти денеска камерунското Министерство за спорт.

Не е објавена временската рамка на договорот со 62-годишниот Брис кому ова ќе му биде прво селекторско искуство во кариерата.

Брис досега во кариерата предводеше повеќе белгиски и холандски екипи, како и тимови од арапскиот свет.

Договорот на Сонг беше потпишан во март 2022 година и истече на 29 февруари оваа година.

Камерун на Мундијалот во Катар беше елиминиран во групната фаза, а на Африканскиот куп на нации кој се одржа во февруари, го заврши настапот во осминафиналето со пораз од Нигерија. /МИА

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер