Барселона остана без Гави, добива 5 милиони евра од ФИФА!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе и плати на Барселона околу пет милиони евра поради повредата на шпанскиот репрезенативец Гави.

Фудбалерот на каталонскиот гигант заработи тешка повреда на коленото на натпреварот од последното коло од квалификациите за групата А за ЕП 2024 меѓу Шпанија и Грузија (3:1).

Асот на Барса ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе биде опериран во наредните денови.

Тој ќе паузира меѓу седум и девет месеци, а ќе го пропушти и Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.

Имено, според правилата, ФИФА е обврзана да и плаќа на Барселона по 20.548 евра секој ден доколку отсуството на Гави е подолго од 28 дена.

ФИФА ќе започне да и плаќа оштета на Барселона за Гави на 16 декември.

Доколку Гави паузира шест месеци, Барселона ќе добие 3,08 милиони евра, а доколку биде надвор од терените осум месеци, ќе добие 4.315 милиони евра.

Американски воен авион се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима

Американски воен авион „Оспри“ (Osprey) се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Во авионот имало осум лица и засега нема информации за нивната состојба.

Несреќата се случила околу 14:47 часот по локално време. Локалните жители пријавиле дека пламен се гледал на левиот мотор на авионот пред да падне во океанот.

Јакушима е еден од островите на архипелагот Охсуми во јапонската префектура Кагошима.

Кирби: Белата куќа е за продолжување на оперативната пауза во борбите меѓу Израел и Хамас

 САД поддржуваат натамошно продолжување на оперативната пауза на борбите меѓу Израел и Хамас за да се обезбеди ослободување на сите заложници во заробеништво, соопшти Белата куќа.

„Сакаме да ги видиме сите заложници ослободени. Ако може да се пролонгира паузата повеќе од овие дводневни продолжувања... ние сме за тоа. И ќе продолжиме да работиме на ова цело време со сите наши партнери во регионот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

На прашањето за претстојната посета на државниот секретар Антони Блинкен на Блискиот Исток, Кирби рече дека неговата четврта посета првенствено ќе се фокусира на реафирмирање на американската поддршка за Израел и олеснување на хуманитарната помош во Газа.

Тој понатаму додаде дека Блинкен ќе се сретне со своите израелски колеги и со други претставници од регионот.

Претставник на Стејт департмент: Путин нема да склучи мир во Украина

Путин нема да склучи мир во Украина пред да ги дознае резултатите од претседателските избори во САД.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да склучи мир во Украина додека не ги знае резултатите од американските избори во ноември 2024 година, изјави синоќа висок функционер на американскиот Стејт департмент. Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и е фаворит за републиканската претседателска номинација, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев.

Висок функционер на Стејт департментот, кој ги брифираше новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, рече дека Алијансата ја потврдува својата поддршка за Украина, знаејќи дека мировен договор следната година е малку веројатен.

„Моите очекувања се дека Путин нема да склучи мир, или барем суштински мир, пред да го види исходот од нашите избори“, рече функционерот, кој побара да не биде именуван.

„Ова беше контекстот во кој сите сојузници изразија силна поддршка за Украина“ на состанокот на НАТО, додаде изворот, без да го спомене Трамп по име или да каже конкретно како изборниот резултат ќе влијае на поддршката за Украина.

Американскиот претседател, демократот Џо Бајден, обезбеди огромна воена помош и други форми на поддршка за Киев по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, но дополнителното финансирање за Украина беше одложено од Претставничкиот дом, контролиран од републиканците.

притисни ентер