Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно кога го прашаа дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки.

Израел, имено, одлучува како да одговори на големиот ракетен напад што Техеран против него го изврши во вторникот. Неофицијални извори блиски до израелската влада велат дека цел може да бидат иранските нафтени постројки.

Бајден веќе јавно кажа дека во својот одговор го советува Израел да не ги гаѓа иранските нуклеарни постројки. На новинарско прашање дали ќе го повика Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки, тој рече: „Знам дека нема потреба јавно да се преговара“.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

 Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа првата група за корисници чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ на 4 октомври и за оние со почетна буква на презимињата М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш на 7 октомври.

Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички мерки

Во градинарството на почетокот на месецот се сади зелената салата, а кај останатите градинарски култури се берат плодовите. И кај лозарството има берба на некои касни сорти десертно грозје. 

Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по долгото сушно лето значително се намали.

-Во градинарството на почетокот на месецот се сади зелената салата, а кај останатите градинарски култури се берат плодовите. И кај лозарството има берба на некои касни сорти десертно грозје. Кај поледелските култури овој месец почнува сеидбата на пченицата и јачменот. Времето на сеидбата има големо значење, бидејќи директно влијае врз времето на поникнувањето, презимувањето на растенијата, но и врз приносот. Некои сорти се сеат порано, а некои подоцна. Температурните услови диктираат кога треба да се засеат сортите во одреден регион. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки. Доколку временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки, велат агрометеоролзите од УХМР.

Тие потсетуваат дека, според прогнозата, собено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 километри на час.

-На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди. Дождот е потребен, влажноста на почвата по долгото сушно лето значително се намали, па врнежите ќе ја надоместат и ќе овозможат успешна есенска сеидба, истакнуваат агрометеоролзите.

Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца

При контролата во неговиот мобилен телефон, соопштија денеска од МВР, било констатирано  дека користел веб страница за онлајн игри на среќа за која имал административни права за креирање на други корисници.

Во тетовски Пирок вчера во 13:45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х.(30) од Пирок поради сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ предвидено во член 156 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

При контролата во неговиот мобилен телефон, соопштија денеска од МВР, било констатирано дека користел веб страница за онлајн игри на среќа за која имал административни права за креирање на други корисници.

- Исто така, пронајдена е листа со играчи кои биле активни, како и баланс на ставен кредит, со баланс сума и достапни кредити, како и пораки на средства за комуникација со барања за надополнување на кредити на платформата. Мобилниот телефон му бил одземен, а тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

Во исто време, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и Државен инспекторат за труд, извршиле контрола и во спортската обложувалница во село Пирок, во која работел, а е сопственост на Е.Ш и И.Ш., двајцата од Тетово. При контролата биле констатирани неправилности во работењето на обложувалницата, за што ќе бидат преземени соодветни мерки од надлежните институции. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер