Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола за да измиеме нешто во нас

Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена.

- Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“.

На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.

За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км. во женската конкуренција.

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од социјалдемократите

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од германските социјалдемократи

Околу три месеци пред предвремените избори во Германија, социјалдемократите официјално ќе го номинираат Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар и покрај неговиот исклучително низок рејтинг, јави ДПА.

Неговата формална номинација доаѓа откако партијата беше поделена со двонеделна жестока дебата за тоа дали далеку попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус треба да биде номиниран за кандидат на местото на Шолц, за кој многумина во левичарската партија веруваат дека треба да се откаже.

Во четвртокот, сепак, Писториус отворено потврди дека не сака да биде номиниран за канцелар, со што го отвори патот за номинација на Шолц.

Министерот за одбрана е еден од триесет и тројцата членови на извршниот совет на партијата со право на глас, кои денеска ќе одлучуваат за канцеларската кандидатура.

Шолц е третиот кандидат за канцелар што ќе го предложи една од партиите за претстојните избори на 23 февруари, откако веќе се објавени кандидатурите на лидерот на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц и на вицеканцеларот Роберт Хабек од Зелените.

Извршниот одбор на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија се очекува да ја номинира лидерката на партијата Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на 7 декември. Тоа значи дека за прв пат ќе има четворица кандидати за канцелар на сојузни избори.

Мешаниот хор на Тесалоники вечерва во Скопје

Амбасадата на Грција во Скопје организира специјален настап на Мешаниот хор на Тесалоники, што ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот во малата концертна сала на Националната Филхармонија.

Репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни.

Мешаниот хор на Тесалоники е основан во 1987 година. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, класичниот и романтичниот период, ораториуми, опери, мјузикли и дела на современи грчки и странски композитори. Хорот имал бројни настапи во различни градови во Грција и странство, освојувајќи златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни натпревари во Атина, Ланголен, Рим и Тампере. Покрај тоа, добил и медал за најдобар грчки хор. Хорот го води диригентката Мери Констандиниду од неговото основање.

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп

Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта.

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.

Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека се среќни поради тоа, објави Вашингтон тајмс.

Дури 59 отсто од анкетираните се задоволни од потезите на Трамп во периодот на трансферот на власта. Меѓу републиканците, 54 отсто се возбудени што Трамп ќе направи кога ќе ја преземе функцијата, додека 41 отсто се изјасниле дека се оптимисти за тоа.

Меѓу демократските испитаници, 50 отсто рекле дека се плашат што ќе направи Трамп кога ќе ја преземе функцијата, а 30 отсто рекле дека се загрижени.

Повеќето републиканци, дури 78 отсто, изјавија дека победата на Трамп ги инспирирала да го поддржат.

Кога станува збор за луѓето кои Трамп ги избрал за членови на неговата администрација, 89 отсто од испитаниците веруваат дека е важно овие луѓе искрено да го изразат своето мислење, додека 86 отсто рекле дека е важно да имаат искуство во секторот или агенцијата што ќе ја водат. Повеќе од половина од анкетираните Американци (65 отсто) сметаат дека демократијата во САД е под закана, додека 35 отсто мислат дека не е.

притисни ентер