Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп

Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта.

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.

Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека се среќни поради тоа, објави Вашингтон тајмс.

Дури 59 отсто од анкетираните се задоволни од потезите на Трамп во периодот на трансферот на власта. Меѓу републиканците, 54 отсто се возбудени што Трамп ќе направи кога ќе ја преземе функцијата, додека 41 отсто се изјасниле дека се оптимисти за тоа.

Меѓу демократските испитаници, 50 отсто рекле дека се плашат што ќе направи Трамп кога ќе ја преземе функцијата, а 30 отсто рекле дека се загрижени.

Повеќето републиканци, дури 78 отсто, изјавија дека победата на Трамп ги инспирирала да го поддржат.

Кога станува збор за луѓето кои Трамп ги избрал за членови на неговата администрација, 89 отсто од испитаниците веруваат дека е важно овие луѓе искрено да го изразат своето мислење, додека 86 отсто рекле дека е важно да имаат искуство во секторот или агенцијата што ќе ја водат. Повеќе од половина од анкетираните Американци (65 отсто) сметаат дека демократијата во САД е под закана, додека 35 отсто мислат дека не е.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за случајот што  ја вознемири македонската јавност, им се суди на обвинетите за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Рочиштето денеска продолжува со испитување на сведоци од обвинителството, a потоа следуваат материјалните докази.

Судењето го следи Михајло Видимлиски.

Михајло повели со информациите кој сведочеше денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Грузискиот парламент конституиран, опозицијата бојкотира

Грузискиот парламент, избран на крајот од октомври, ја одржа својата конститутивна седница.

Опозицијата ги оспорува резултатите од изборите, тврдејќи дека се фалсификувани, а Уставниот суд сè уште не се изјаснил за валидноста на нивните тврдења.

Седницата започна во 12 часот, а полицијата ги блокираше улиците околу парламентот во Тбилиси.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која има ограничени овластувања, ја прогласи седницата за „неуставна“.

Опозициските партии одржуваат протести во Тбилиси, а пред парламентот поставија камп.

На изборите победи проруската партија „Грузиски сон“ со 53,93 отсто од гласовите.

Обилни снежни врнежи во Турција: затворени училишта и спасени стотици граѓани

Поради обилни снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција, како и во одредени региони од уште пет провинции, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Училиштата денеска остануваат затворени во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурт, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараш, Ерзинџан, Киршехир, Кастамону, Караман, Малатија и други области.

Во провинцијата Малатија, на истокот на земјата, од снежни наноси биле спасени 787 граѓани. Во округот Хекимхан, спасувачите извлекле пет овчари завеани на планина, но еден од нив подоцна починал во болница.

Работите на расчистување на патиштата и спасување на граѓаните продолжуваат.

притисни ентер