Мешаниот хор на Тесалоники вечерва во Скопје

Амбасадата на Грција во Скопје организира специјален настап на Мешаниот хор на Тесалоники, што ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот во малата концертна сала на Националната Филхармонија.

Репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни.

Мешаниот хор на Тесалоники е основан во 1987 година. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, класичниот и романтичниот период, ораториуми, опери, мјузикли и дела на современи грчки и странски композитори. Хорот имал бројни настапи во различни градови во Грција и странство, освојувајќи златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни натпревари во Атина, Ланголен, Рим и Тампере. Покрај тоа, добил и медал за најдобар грчки хор. Хорот го води диригентката Мери Констандиниду од неговото основање.

Изборот на новата ЕК на дневен ред на овонеделното заседание не Европарламентот

Гласањата за одобрување на новиот состав на Европската комисија и на Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 години, и двете предвидени за в среда, се главни теми на овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур. 

Заседанието почнува доцна попладнево со дебата посветена на состојбата и новите трендови во борбата против насилството врз жените во рамките на ЕУ, но и на глобално ниво, во контекст на денешниот Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

По оваа, ќе следи и расправа за резултатите од неодамнешниот самит на лидерите на Г-20, на кој меѓу другото се разговараше за очекувањата од идната американска администрација, за израелската воена операција во Газа и за војната во Украина. Во продолжение ќе се дискутира и за исходот од Конференцијата на ОН за биолошкиот диверзитет (КОП16) што се одржа во колумбискиот град Кали и за обидите за легитимирање на „незаконското еднострано прогласување независност на кипарскиот сецесионистички ентитет“ и потребата за потврдување европска солидарност со Република Кипар.

Европратениците утре ќе дебатираат за договорот постигнат меѓу претставниците на Европскиот парламент и на земјите членки на ЕУ за буџетот на Унијата за 2025 година. На барање на ЕП во буџетската рамка на блокот за следната година се обезбедени повеќе средства за спроведување на клучните програми и политики на ЕУ насочени кон подобрување на животот на луѓето, зајакнување на конкурентноста и справување со предизвиците поврзани со климата, здравјето, миграцијата и одбраната.

Гласањето по Предлог-буџетот на пленарното заседание е предвидено за среда, по што доколку тој биде одобрен, претседателската на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш ќе ја потпише одлуката за негово одобрување.

Покрај за буџетот, европратениците утре ќе расправаат за состојбата во Украина, како и за настаните на Блискиот Исток во контекст на хуманитарната криза во Газа и на Западниот Брег, значењето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и за потребата за ослободување на сите задржани заложници.

Од дебатата за Украина треба да произлезе Предлог-резолуција во која се очекува европратениците да ја потврдат својата силна поддршка за земјата која се соочува со руската агресија, како и да алармираат за зајакнатата воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја. Гласањето по Предлог-резолуцијата е предвидено за в четврток.

Утре, исто така, ќе се одржи и дебата меѓу европратениците и Европската комисија за безбедноста на критична инфраструктура, во контекст на неодамнешното пресекување на подводните кабли во Балтичкото Море, за кое се претпоставува дека е саботажа.

Во продолжение на утрешното заседанието ќе се расправа и за Есенската прогноза на ЕК за економските перспективи на ЕУ, ЕФТА и кандидатите за членство во Унијата за 2025 и 2026 година, за предизвици во спроведувањето на кохезивната политика на блокот, за укинување на контролите на внатрешните копнени граници на Бугарија и Романија со останатите земји од Шенген зоната, за условите во европските затвори, за проблемот со родовиот јаз во платите во Унијата, како и за состојбата во Мозамбик.

В среда европратениците ќе имаат расправа со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен околу составот и програмата за работа на новото извршно тело на ЕУ, по што ќе гласаат за негово одобрување во пакет. За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство од гласовите на европратениците што ќе учествуваат во гласањето.

Одобрувањето следи откако во периодот помеѓу 4 и 12 ноември, сите кандидати за членови на ЕК беа сослушувани од страна на ресорните комитети на Европарламентот околу нивната соодветноста и способност да ги извршуваат должностите поврзани со ресорите што им се доделени. Постапката на потврдување на еврокомесарите беше заокружена минатата недела, со што се трасираше патот за одобрување на Комисијата од страна на европратениците.

Исто така в среда, европратениците ќе имаат дебата со претставници на Европската комисија за заклучоците од Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП29), што се одржа во азербејџанскиот главен град Баку од 11 до 22 ноември, а ќе расправаат и за предлозите за подобрување на заштитата на граѓаните на ЕУ од изложеност на пасивно пушење и аеросоли, вклучително и од електронските цигари. Гласањето по Предлог-резолуцијата од оваа расправа е закажано за в четврток.

На заседанието в среда ќе се расправа и за Декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност, за засилување на борбата и спречувањето на регрутирање малолетници за извршување на кривични дела, за растот на цените на енергијата и борба против енергетската сиромаштија, за промоцијата на рамка за финансирање на ризичниот капитал и обезбедување сигурни странски директни инвестиции во ЕУ, за усвојувањето на законодавства насочени против ЛГБТКИ лицата и потребата за заштита на владеењето на правото и борбата против дискриминација, за случаите на кршење на човековите права, демократските принципи и владеењето на правото во Хонг Конг, за систематската репресија врз жените во Иран и за ограничувањето на просторот за дејствување на граѓанскиот сектор во Камбоџа.

В четврток, на последниот ден од овонеделната сесија, европратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог-резолуцијата за исходот од спорните парламентарни избори во Грузија одржани на 26 октомври годинава, во која се очекува да биде побарано спроведување целосна истрага за изборните нерегуларности посочени од страна на меѓународните набљудувачи и опозицијата.

Истиот ден, Европарламентот ќе дебатира и за зајакнување на правата на децата во ЕУ, во контекст на 35-годишнина од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за правата на детето, за обидите за странско мешање и шпионажа од трети земји на европските универзитети и за потребата од усвојување на амбициозен меѓународен правно обврзувачки договор за заштита од загадувањето со пластика, особено на океаните и морињата.

Бакингемската палата ќе се реновира

 Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години, поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра.

Реновирањето на британската кралска Бакингемска палата почна во 2017 година, со цел промена на старите кабли и водоводот, коишто не биле сменети од 1950-тите и може да предизвикаат пожар или поплави. Резиденцијата на монарсите последен во декември ќе ја посети катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. После тоа, сите државни посети ќе бидат организирани во замокот Виндзор.

Програмата за реновирање на палатата, финансирана со државен грант од даночните обврзници, ќе продолжи до 2027 година.

И кралот Чарлс Трети го преселил својот приватен деловен простор поради работите во палатата. Просторот во северното крило, кој тој претходно го окупираше, го користела покојната кралица Елизабета Втора како нејзин личен стан.

Во јули, посетителите првпат имаа пристап до просториите во источното крило што традиционално се затворени за јавноста, вклучувајќи го и познатиот кралски балкон. Градежните работи налето ќе бидат привремено прекинати за да им се овозможи на туристите да влезат во просториите каде што вообичаено се организираат државни посети на Бакингемската палата во тој дел од годината.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за случајот што  ја вознемири македонската јавност, им се суди на обвинетите за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Рочиштето денеска продолжува со испитување на сведоци од обвинителството, a потоа следуваат материјалните докази.

Судењето го следи Михајло Видимлиски.

Михајло повели со информациите кој сведочеше денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер