Јунакот на „Суперболот“ ја избричи брадата, а причината за тоа воодушеви многумина (видео)

Најдобриот играч на „Суперболот“ Џулијан Еделман се одлучи четири дена после финалниот натпревар во кои неговиот тим „Њу Ингланд Патриотс“ откако по шест пат го освои ова престижно натпреварување, да ја избричи брадата.

Имено, јунакот на финалниот натпревар пред почетокот на натпреварувањето изјави дека брадата ќе ја избричи дури на крајот, доколку неговиот тим го освои ова престижно признание.

Гостувајќи во емисијата кај познатата Елен Деџенерис, Џулијан изјавил дека ова била неговата одлука од самиот почеток. Тој се согласил за сума од 10 илјади долари да ја избричи брадата, а сите пари ќе ги проследи за хуманитарни цели. Еделман средствата кои ги добил ги проследил на „Клубот за момчиња и девојчиња на Бостон“, кои ќе им овозможи на децата да се дружат и забавуваат во периодот кога не се на училиште, а и самиот донел одлука на таа сума да додаде уште толку, па така донацијата изнесува 20 илјади долари.

„Те сакам брадо, Ова беше неверојатна година“ – изјавил Еделман откако седнал на столчето и и се препуштил на Елен, која ја преземала улогата на бербер.

Овој потег ги воодушеви сите во студиото, а после емисијата, Џулијан ги повика своите колеги со парични средства да им помогнат на некои од хуманитарните организации и на тој начин барем на кратко на некого да му донесат среќа.

 

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

Холивудска актерка тврди дека бакнежот со Бред Пит и бил одвратен

Бред Пит важи за еден од најголемите заводници во Холивуд , па сепак една д неговите колешки смета дека е одвратен.

Холивудската актерка Кирстен Данст се бакна со Пит во филмот „Интервју со вампирот“ во кој двајцата глумеа заедно со Том Круз.

Актерката имала само 11 години кога филмот е направен во 1994 година, а Пит имал 30 .

Во една сцена, Клаудија, што ја толкува Кирстен, се потпира и го бакнува Луис (Бред Пит). Бакнежот траеше кратко, но очигледно бил трауматичен за тогашната млада актерка.

„Да, беше одвратно. Јас сè уште го тврдам тоа. Би било уште пострашно за единаесетгодишно девојче да каже:„ Одлично беше “.

И додека долго време се обидуваше да го „избрише“ овој бакнеж од главата, Кирстен има само зборови со пофалби за нејзините колеги Пит и Том Круз.

„Беа прекрасни со мене. Ме третираа како да сум нивна сестра“, откри таа, додавајќи дека никогаш не работела на таков тежок филм.

Решиле да ограбуваат банка , па самите се заклучиле (ВИДЕО)

Тројца криминалци решиле да ограбат банка , имале сигурно и план , но им пропадна.

Безбедносните камери во руска банка снимија чуден грабеж . Тројцата крадци влегоа од задниот влез на банката , но блиндираната врата се затвори зад нив и ги зароби внатре.

Кога видоа дека мора да се спасуваат за да не дојде полиција , почнаа панично да ја кршат вратата и заборавија на парите.

притисни ентер