Јунакот на „Суперболот“ ја избричи брадата, а причината за тоа воодушеви многумина (видео)

Најдобриот играч на „Суперболот“ Џулијан Еделман се одлучи четири дена после финалниот натпревар во кои неговиот тим „Њу Ингланд Патриотс“ откако по шест пат го освои ова престижно натпреварување, да ја избричи брадата.

Имено, јунакот на финалниот натпревар пред почетокот на натпреварувањето изјави дека брадата ќе ја избричи дури на крајот, доколку неговиот тим го освои ова престижно признание.

Гостувајќи во емисијата кај познатата Елен Деџенерис, Џулијан изјавил дека ова била неговата одлука од самиот почеток. Тој се согласил за сума од 10 илјади долари да ја избричи брадата, а сите пари ќе ги проследи за хуманитарни цели. Еделман средствата кои ги добил ги проследил на „Клубот за момчиња и девојчиња на Бостон“, кои ќе им овозможи на децата да се дружат и забавуваат во периодот кога не се на училиште, а и самиот донел одлука на таа сума да додаде уште толку, па така донацијата изнесува 20 илјади долари.

„Те сакам брадо, Ова беше неверојатна година“ – изјавил Еделман откако седнал на столчето и и се препуштил на Елен, која ја преземала улогата на бербер.

Овој потег ги воодушеви сите во студиото, а после емисијата, Џулијан ги повика своите колеги со парични средства да им помогнат на некои од хуманитарните организации и на тој начин барем на кратко на некого да му донесат среќа.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

Анкета: Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми

Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми кои одредуваат за кого ќе гласаат.

Економијата е најважниот од проблемите што американските гласачите ги разгледуваат во оваа изборна година и одредува кому ќе дадат доверба на следните претседателски избори, но исто така важни прашање се инфлацијата, криминалот и безбедноста или имиграцијата и пристапот до абортус.

Според најновата анкета на Ипсос и „Еј-би-си њуз“ 88 отсто од испитаниците укажале дека економијата им е најважана во овие избори. Мнозинството или 46 отсто би дале доверба на Доналд Трамп во справување со економијата, додека 32 отсто доверба би дале на Џо Бајден.

Втор по значајност проблем на овие избори е инфлацијата (87 отсто). Како и со економијата, мнозинство од испитаниците или 44 отсто би му ја дале довербата на Трамп во справување и со инфлацијата, додека само 30 отсто би му ја дале на Бајден.

Трамп исто така води со 41 отсто наспроти 33 отсто и во справувањето со криминалот и безбедноста, проблем за кој 77 отсто од испитаниците рекле дека е најважна.

Во проблемот справувањето со заштитата на демократијата е изедначено, односно 38 отсто од испитаниците рекле дека би му дале доверба на Трамп, исто толку и на Бајден.

Во пробемот здравствена заштита води Бајден. Односно 39 отсто од гласачите би му дале нему доверба во справување со здравствената заштита, наспроти 34 отсто на Трамп.

Во давањето доверба за справување со проблемот на имиграцијата на американско-мексиканската граница убедливо води Трамп кому дале доверба 47 отсто од испитаниците, додека Бајден добил доверба од 30 отсто.

За проблемите оружено насилство и позицијата на САД во светот гласачите исто така повеќе доверба би дале на Трамп отколку на Бајден (37 наспроти 34 отсто и 41 наспроти 34 отсто).

Во горливиот пробем со пристапот до абортусот, 41 отсто од испитаниците доверба даваат за Бајден наспроти 29 отсто за Трамп.

И во последниот по значајност проблем – војната меѓу Израел и Хамас води Трамп, 37 отсто од испитаниците довербата за ова би ја дале за него, наспроти 29 отсто за Бајден.

притисни ентер