Педофилот кој беше изрешетан од полицијата во Сиетл, бил воен лекар (Вознемирувачко видео)

Лицето кое беше брутално изрешетано од полицијата минатата недела во хотел во Сиетл за време на антипедофилска операција, е идентификувано како пензионираниот армиски лекар Брус Ковал Менели.

Менели е убиен околу 15 часот на 17 април во хотелот „ДаблТри“ од страна на полицијата, пренесува Фокс 13.

Видеото снимено од боди кам, објавено од полицијата минатата недела, покажа операција за апсење на 67-годишната Менели, кој бил осомничена за сексуални злосторства врз деца.

Полицајците излегле од хотелската соба за да му пријдат и, според камерата, тој извадил пиштол од јакната.

Сите тројца полицајци пукале кон него и испукале околу 30 куршуми.

Според медицинските податоци, Менели починал од „повеќе прострелни рани“.

Менели бил капетан на морнарицата и лекар кој служел во заливот Гвантанамо и зборувал за Њујорк Тајмс во 2016 година за злоупотребата на пациентите во далечинскиот центар за притвор. Тој исто така бил командант на мултинационалната медицинска единица на НАТО Role 3 во Авганистан.

Менели ја напуштил функцијата во Гвантанамо во 2009 година, а потоа и во НАТО во 2012 година.

Според властите, Менели бил под истрага за наводно извршување на интернет злосторства врз деца.

Според началникот на полицијата Адријан Дијаз, осомничениот се среќавал со две девојчиња, на возраст од 7 и 11 години.

Еден полицаец бил ранет во ногата, но куршумот само го огребал. Повредите му биле полесни и не бил пренесен во болница. Други повреди немало.

Според кривичната пријава видена од FOX 13, Менели е обвинет за сексуални злосторства во 2017 година, кога бил уапсен за време на рација за трговија со луѓе/проституција во Бремертон. Детективите се претставувале како сексуални работници на интернет и договориле средба со Менели, но тој всушност бил пречекан од неколку заменици на шерифот на округот Кицап. Бројот на Менелиус бил поврзан со две одделни операции на проституција.

Во документите од 2017 година се наведува дека Менели за време на интервјуто со детективите признал дека бил уапсен за сличен прекршок во Тексас неколку години претходно. Потоа бил испратен на општествено корисна работа.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер