Врховниот суд на САД го одби барањето за отстранување на Роберт Кенеди Ј. од гласачките ливчиња

Врховниот суд на САД го одби барањето за отстранување на Роберт Кенеди Ј. од гласачките ливчиња во две сојузни држави, откако тој се откажа од својата кандидатура.

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на независниот американски претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор да го отстрани од гласачките ливчиња во две клучни држави.

Висконсин и Мичиген се меѓу државите кои би можеле да поддржат кој било кандидат и да го одредат исходот од претседателската трка. Кенеди Џуниор се повлече од изборите и го поддржа републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Повлечениот кандидат тврдеше дека одбивањето да го отстрани од гласачкото ливче ги нарушува неговите права од Првиот амандман на Уставот на САД, лажно имплицирајќи дека тој сè уште сака да биде избран за претседател. Сепак, претставниците на двете држави рекоа дека отстранувањето на неговото име во моментов е невозможно бидејќи предвременото гласање започна. Над 1,75 милиони гласови веќе се дадени во Мичиген и над 850.000 во Висконсин.

Имањето независни и трети лица кандидати на гласачките ливчиња во клучните држави може да биде голем фактор за спорните избори.

Како и обично во вакви случаи, судот не ги образложи причините за својата одлука. Еден од судиите, Нил Горсух, јавно се спротивстави во случајот во Мичиген. Според него, првичното барање на Кенеди Помладиот, одбиено од државните претставници, не било толку неразумно за да биде одбиено.

Кенеди побара да се отстрани неговото име од гласачкото ливче во седум клучни држави, откако ја објави својата поддршка за Трамп. Во другите држави, сепак, тој сакаше неговото име да остане на гласачките ливчиња.

Висконсин и Мичиген се последните две држави каде се очекува неговото име да остане.

Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

На сцената на Националната опера и балет вечер и на 2 ноември ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

-Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, се вели во соопштението од Националната опера и балет.

Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2 ноември Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко (Украина).

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Париз постави рекорд во Евролигата

Екипата на Париз постави рекорд во кошаркарската Евролига на натпреварот со Алба одигран синоќа во Берлин. Актуелните шампиони на Еврокупот упатија рекордни 52 удари за три поени. Реализираа 20 обиди, што е 38 %.

Францускиот клуб победи со 92:83 во „Мерцедес-Бенц Арената“ за трета победа во шест натпревари.

Надир Ифи шутираше 7 од 19 надвор од лакот и беше блиску до рекордот за најмногу шутеви за три поени во еден натпревар. Рекордот му припаѓа на рускиот дефанзивец Алексеј Швед, кој упати 21 удар на мечот против Олимпијакос во 2019 година.

На Париз му недостигаа 4 тројки од рекордот по број на реализирани тројки, кој му припаѓа на Фенербахче (24).

притисни ентер