Ана Личфарт била очајна кога забележала драстичен број дополнителни килограми, но успеала да се ослободи од нив, еве како.
Периодот на пандемијата остави драстични последици, а изолацијата доведе до намалена активност и поголема потреба за јадење. Затоа, не е изненадување што многумина се угоија во последните неколку години.
Ана Личфарт (58) е една од ретките жени која успеала да го трансформира своето тело за само 12 недели. Пред тоа, таа била прилично незадоволна од својот изглед, но ја променила исхраната и засекогаш се откажала од алкохолот, опишувајќи го како „токсичен отров“.
Ана отсекогаш се сметала себеси за прилично „фит и здрава“. Меѓутоа, за време на пандемијата сè драстично се променило, откако стресот и изолацијата ја довеле до прекумерно консумирање алкохол и прејадување.
-Се чувствував лошо секој ден поради својот изглед. Отсекогаш сум бил горда на својата кондиција, но за време на ковидот моето консумирање алкохол излезе од контрола, исто како и мојата тежина. Еден ден отидов на планинарење и навистина бев забавена поради мамурлакот - изјавила таа за австралиски Дејли Меил.
Нејзината тежина достигнала 83 килограми, и носела величина ХХL. Во потрагата по начин да престане да пие, наишла на подкастот од Џејмс Сванвик, основачот на програмата „Живот без алкохол“, кој им помага на луѓето да го променат односот со алкохолот. Следниот ден се пријавила на програмата и целосно го исфрлила алкохолот од својот живот, усвојувајќи поздрава исхрана. За 12 недели изгубила 13,5 килограми.
- Научив да се справувам со емоциите наместо да ги потиснувам со алкохол. Научив да поставувам граници и да се држам до нив – вели таа.
Ана сега има 70 килограми и носи иста величина на облека како порано, поточно може да носи што сака. Таа истакнува дека повеќе не ѝ треба алкохол и ужива во новите рутини што ги развила, вклучувајќи планинарење, возење велосипед и вежбање со тегови.
- Слабеењето ми ја врати самодовербата. Се чувствувам поздраво и посреќно од кога било. Се воодушевив од тоа што го научив за штетноста на алкохолот, па заедно со уште четири жени ја основав непрофитната организација AWAKE, која ја подигнува свеста за штетното дејство на алкохолот. Првиот чекор кон слабеењето е елиминирањето на алкохолот – препорачува Ана.