Арсовски: Не знаеме што ќе одлучи Уставен, нејасно е зошто ДУИ протестира

Протестот на ДУИ повеќе наликува на обид за враќање на политичката сцена, оценува за Канал 5 политичкиот аналитичар Петар Арсовски.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Последен ден од кампањата за избор на претседател на Хрватска

На полноќ стапува на сила изборниот молк.

До денеска на полноќ кога почнува дводневниот изборен молк, останува кандидатите за претседател на Хрватска да ги убедат гласачите дека еден од нив е најдобриот избор за следниот петгодишен мандат.

Дводневниот изборен молк пред изборите в недела на 29 декември ќе трае цела сабота и недела до 19 часот или до затворање на избирачките места, од кои 6.755 ќе бидат отворени во Хрватска и во странство.

Осум кандидати учествуваат на осмите претседателски избори од независноста, в недела на 29 декември.

Тоа се актуелниот претседател и кандидат на СДП и нејзините партнери Зоран Милановиќ, кандидатот на ХДЗ и нејзините партнери Драган Приморац, кандидатот на Мост, Миро Буљ, кандидатот на Можемо! Ивана Кекин, кандидатката на Партијата за дом и национално обединување (ДОМИНО) Бранка Лозо, и независните кандидати Марија Селак Распудиќ, Томислав Јоњиќ и Нико Токиќ Картело.

Додека е на сила молкот, се забранува секаква изборна кампања, објавување проценки за изборните резултати, како и објавување на претходни, неофицијални изборни резултати.

Забрането е и објавување фотографии на кандидати во медиумите, нивни изјави и интервјуа, како и цитирање на нивните изјави или пишани трудови.

Иако не се предвидени казни за прекршителите на претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува кандидатите, партиите што ги поддржуваат и другите правни и физички лица да го почитуваат изборниот молк.

Официјалната кампања започна на 11 декември, но беше одбележана со трагедијата во основното училиште „Пречко“ и божиќните празници, што ги натера кандидатите да ги прекинат или да ги забават своите активности, јави Хина. /МИА

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар

 Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за белградски медиуми.

Тој за телевизија Пинк изјави дека нападите врз Србија од Сараево и Загреб се координирани, дека притисокот расте, и според него - се е координирано од еден центар.

„Јавните личности од целиот регион ги поддржуваат оние кои се против Вучиќ. Можно ли е да нема ниту еден фудбалер, кошаркар, актер што на пример го поддржува Вучиќ? Не, одеднаш во истиот момент сите северини и сите спортисти се против Вучиќ. Тоа не е случајно. Тоа се прави од еден центар“, рече Вулин.

Според него, студентите се подложни на манипулации и повеќето од нив имаат искрена желба за промени, но предводниците на блокадите се платеници./МИА

„Празнина“-последна премиера за годинава на Струмичкиот театар

Со премиерата на претставата „Празнина“, која е закажана за задутре, Народниот театар „Антон Панов“ ќе ја спушти завесата на годинашниве нови остварувања. 

Претставата е работена според драмска предлошка, драматизација, работена по мотиви на издвоени сцени од драмскиот текст „Празно“ од авторката Алис Бирч.

Според најавата за претставата, секоја сцена е засебна „приказна“, а пак логичната поврзаност помеѓу сцените не е очигледна, туку таа се насетува некогаш преку реплика, некогаш преку зададена состојба, некогаш поради потребата да се надгради една или повеќе драмски ситуации, некогаш преку драмската атмосфера, некогаш во драмската пауза, некогаш во она што го нема, а сепак е присутно.

-Позицијата на жената и децата во општеството се слика низ сцени во кои тие се поставени во ситуација на соочување со правосудниот систем, соочување со кривичен прогон, одземена слобода, затворски услови, соочување со злосторство, личната трансформација при преиспитување на сопствената вина, личната трансформација при состојба на каење, личната трансформација преточена во резигнација..., напишано е во најавата за оваа премиера.

Режијата, сценографијата и изборот на музиката се на Васил Христов, драматизацијата на Викторија Рангелова и Васил Христов, асистент на режијата е Драгана Таневска, костимите се на Розе Трајчевска,а дизајнот на рекламниот материјал е на Денко Матевски.

Во „Празнина“ настапуваат Ангелина Тренчева-Ангелова, Коста Ангов, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ како гостинки, Ванчо Василев, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.

притисни ентер