Археолозите пронашле фигури стари 7.000 година со лик што потсетува на вонземјани

Археолозите пронашле глинена фигура стара 7.000 години на праисториско место во Кувајт, за која тврдат дека наликува на модерни прикази на вонземјани.

Истражувачите од Бахра 1, праисториско место во северен Кувајт, го опишаа артефактот како „мала, фино изработена глава, со коси очи, рамен нос и издолжен череп“,објави денеска Њујорк пост.

Тоа е прво вакво откритие во регионот, иако слични артефакти претходно биле пронајдени во Месопотамија и се типични за неолитската заедница Ubaid, која се населила во Арапскиот Залив во текот на шестиот милениум п.н.е.

Тим археолози од Кувајт и Полска ја пронашле статуата во една од најстарите населби во регионот, која постоела од 5.500 до 4.900 години пред нашата ера.

„Присуството на оваа фигура на нашата локација покренува интригантни прашања за нејзината цел и симболичното, а можеби и ритуалното значење што го имаше за заедницата што живееше во оваа населба“, изјави за Дејли Меил професорот од Универзитетот во Варшава, Пјотр Биелински.

Археолозите забележале дека фигурата е изработена од месопотамиска глина, наместо од црвеникава и груба керамика често користена во античките заедници во Арапскиот Залив, што тие велат дека укажува дека Убаидите ги увезувале своите традиционални материјали во регионот.

Симболичкото значење на фигурината сè уште е непознато, но некои истражувачи веруваат дека долгиот череп служел како модел за древните Убаиди и Месопотамиски практики на „обликување на главата“.

Се смета дека оваа практика укажува на нечија социјална класа или идентитет, а својот врв го достигнала во текот на петтиот милениум п.н.е.

Маж во Франција во црква викал „Алаху Акбар“ и им го покажал задникот на верниците

Во црквата Сен Луј во Сен Жермен во близина на Париз се случи инцидент кој вознемири петнаесетина верници кои присуствувале на божиќната миса.

Непознат маж влегол во црквата нешто пред 17 часот извикувајќи „Алаху Акбар“ (исламски извик „Господ е голем“ на арапски), што предизвикало шок кај присутните. Откако се приближи до олтарот, на верниците им го покажал задникот.

Како што пренесува Le Figaro, полицијата брзо интервенирала, го уапсила мажот и го привела. Истрагата е во тек, а обвинителството во Версај потврди дека осомничениот е во притвор.

Мејведер на својот двегодишен внук за Божик му купи зграда на Менхетн од 20 милиони долари

Пензионираниот боксер Флојд Мејведер (47) Џуниор за Божиќ на својот двегодишен внук Кентрел Голден му купил зграда на познатата Шеста авенија во Менхетен, Њујорк.

Објектот се наоѓа во т.н Дистрикт Дијамант на раскрсницата на Шестата авенија и 47-та улица. Во зградата има деловни простории и канцеларии, продавници со дијаманти, а на него има и голема рекламна табла.

"Кога бев млад, пазарев во таа продавница, не можев ни да сонувам дека еден ден ќе го поседувам тоа место. Сѐ е можно кога си посветен и работиш напорно", изјави Мејведер во оваа прилика. Според информациите на светските медиуми, зградата го чинела 20 милиони долари.

Мејведер не само што е меѓу најдобрите боксери во историјата со рекорд од 50 победи и нула порази, туку и меѓу најбогатите спортисти досега. Неговото моментално богатство се проценува на нешто помалку од 500 милиони долари, а во кариерата од боксот заработил околу 1,1 милијарда долари.

Познат е по тоа што не крие колку му се важни парите, а сака да се фали со нив и раскошно да ги троши на луксуз незамислив за мнозинството од населението.

Брод од тајната руска флота пресекол уште еден кабел во Балтичкото Море- Финска почна истрага

Финските власти веруваат дека товарен брод што припаѓа на руската „флота во сенка“ би можел да стои зад најновото оштетување на подводниот кабел за напојување што ги поврзува Финска и Естонија во Балтичкото Море.

Финските органи за спроведување на законот истражуваат дали руски брод бил вмешан во оштетувањето на подводниот кабел за напојување што ги поврзува Финска и Естонија по ненадејниот прекин вчера, соопшти денеска полицијата. Според финските власти, постои сомневање дека оштетувањето на кабелот EstLink 2 е предизвикано од бродот Eagle S, кој плови под знамето на островите Кук, пренесуваат локалните медиуми.

Финска го истражува инцидентот како тежок вандализам. Екипажот на бродот бил сослушан, а истрагата била спроведена во текот на ноќта, пишува Euronews.

Националното биро за истраги не соопшти дали штетата, за која се верува дека е предизвикана од сидрото на бродот, можела да биде случајна.

Eagle S претходно летал под турско и индиско знаме, но властите веруваат дека припаѓа на руската „флота во сенка“ на товарни бродови - бродови што Русија ги користи за да ги заобиколи ограничувањата на цената на нафтата и санкциите. Во моментот на оштетувањето на кабелот, бродот превезувал околу 35.000 тони безоловен бензин, пишува финскиот печат.

Во моментов, на руските бродови им е забрането да ги користат пристаништата на ЕУ, додека европските компании не можат да им понудат осигурување или други услуги.

Електричниот кабел што ги поврзува Финска и Естонија под Балтичкото Море доживеа прекин вчера попладне, што е последен во серијата инциденти со оштетување на телекомуникациските кабли и енергетски цевководи во Балтичкото Море.

Во објава на социјалната мрежа Икс, финскиот премиер Петери Орпо рече дека „попладнево е прекината врската за пренос на електрична енергија EstLink 2 меѓу Финска и Естонија“.

Националната мрежа за пренос на електрична енергија на Финска, Фингрид, соопшти дека прекинот на кабелот EstLink 2 се случил во 12:26 часот по локално време (11:26 по средноевропско време). Тие ја уверија јавноста дека инцидентот нема да доведе до прекин на струја во Финска, наведувајќи дека Хелсинки има соодветно напојување.

Естонскиот мрежен оператор Елеринг рече дека има доволно слободен капацитет на естонската страна за да се задоволат потребите за електрична енергија. Шефот на операции во Фингрид, Арто Пахкин, тогаш за финската телевизија Иле изјави дека „не може да се исклучи можноста за саботажа“.

Балтичкото Море беше сведок на неколку инфраструктурни инциденти од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Во ноември беа исечени два кабли за пренос на податоци, едниот меѓу Финска и Германија, а другиот меѓу Литванија и Шведска. Пред тоа, финско-естонскиот подморски гасовод беше оштетен во октомври откако кинески товарен брод наводно го фрлил сидрото.

Гасоводот Северен тек, кој некогаш испорачуваше природен гас од Русија во Германија, беше оштетен од подводни експлозии во септември 2022 година.

притисни ентер