Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина

„Годинашната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира активноста на гените“, се наведува во соопштението на Институтот.

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија годинашната Нобелова награда за медицина за откритието на микроРНК, нова класа на ситни РНК молекули кои играат клучна улога во регулацијата на гените, објави денеска шведскиот институт Каролинска.

„Годинашната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира активноста на гените“, се наведува во соопштението на Институтот.

„Виктор Амброс и Гери Рувкун работеа на развојот на различни типови на клетки“, додаваат од комитетот.

Нивното „револуционерно“ откритие на микроРНК откри „целосно нов принцип на регулација на гените што се покажа како суштински за повеќеклеточните организми, вклучително и луѓето. Сега е познато дека човечкиот геном кодира повеќе од илјада микроРНК“, се додава во соопштението на Комитетот.

Амброс (71) работи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс, додека Рувкун (72), работи во Медицинскиот факултет Харвард и Општата болница во Масачусетс.

Јаневска: Едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3.000 вишок наставници

Во Македонија има 3.000 наставници повеќе од потребното и таквата ситуација мора што поскоро да се реши на најдобар можен начин, смета министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Поради таквата ситуација, голем дел од наставниците работат со едноцифрен број на ученици, а дополнителен проблем за училиштата е и масовното иселување од државава.

Според неа, еден од начините за да се зголеми продуктивноста на наставниците, но и социјализацијата на малкуте ученици, е подрачните училишта да се спојат со централните.

На прес-конференцијата посветена на 100-те дена од преземањето на функцијата, Јаневска најави дека ќе има поголем буџет за обрзаованието за наредната година, а очекува дека наскоро ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците.

Јаневска одговори и дека до крајот на мандатот на владата, очекува да се продолжи проектот за новите згради предвидени за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, кои скоро една деценија стојат недоградени во дворот на УКИМ.. Побрзо рече дека не е можно бидејќи таму постоеле проблеми кои не зависеле од МОН.

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ и премиерот Вучевиќ со српската дијаспора

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, а во присуство на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, оствари средба со дијапората во Амбасадата на Србија во Македонија.

Во рамки на денешната официјална посета на земјава делегацијата предводена од премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, а во присуство на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, оствари средба со дијапората во Амбасадата на Србија во Македонија.

На средбата уште еднаш беа испратени пораки за продлабочување на соработката меѓу двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Република Србија.

„Чест ми е што можам да ве поздравам, инсистирав на оваа средба затоа што ова, но и фактот дека имаме Србин во Владата на Македонија за нас не е само прашање на симболика, туку суштинско. Добивме уверување дека Коридор 10 е определба на оваа Влада, а зборувавме и за максимално поедноставување на процедурите на границите. Што се однесува до нас, ние сме максимално подготвени да го направиме ова. Многу е важно и Македонија да биде дел од Експо и мило ми е што токму заменик-претседателот и министер Стоилковиќ ќе го води тој проект“, истакна на средбата премиерот Вучевиќ и упати апел до српската заедница во земјава во сите различности кои, како што рече, ги имаaт двата народа, да го зачуваат националниот идентитет.

„Истото сакам да им го порачам и на Македонците кои живеат во Србија“, рече премиерот Вучевиќ.

„Денешната посета на премиерот Вучевиќ е круна на неодамнешната подготовителна посета на Белград и сето она што го сработевме во претходниот период“, порача заменик-претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Претходно во текот на денот потпретседателот и министер Столковиќ го пречека премиерот Вучевиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, по што двајцата поминаа низ шпалир од 18 гардисти.

Кабинет на потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците

Лидерот на ДПА Мендух Тачи не се произнесува дали и дефинитивно го напушта „Европскиот фронт“

Лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе неколку денови молчи и јавно не се произнесува дали тој и дефинитивно го напушта Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Според информациите лиферувани во јавноста, наводно причината за разидувањето се недоразбирањата што тој ги има од минатото со Зијадин Села, но тој за Канал 5 демантира дека постои антагонизам меѓу него и Тачи во коалицијата.

Во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека тие функционирале во рамки на Европскиот фронт, а од лидерот на ДПА, според него, се уште нема потврда дека тој ќе делува самостојно.

Од Европскиот фронт и денеска тврдат дека пратеничката група е функционална и во Собранието делува во полн состав. По прозивките од премиерот Мицкоски до Ахмети да ја реформира партијата и да ја исчисти од како што рече криминалците во своите редови, од ДУИ со одговор дека самите одлучуваат што ќе прават во своите редови.

Слична порака до Ахмети за ДУИ за реформи испратија и од владејачката коалиција „Вреди“. По повикот од Ахмети да му се приклучат на Европскиот фронт, министерот Таравари им порача да се помират во опозиција, а потегото на Тачи не сакаше да го коментира.

-Мендух Тачи е посебен... Така да тоа е негова одлука, не би сакал да коментирам... На г-динот Ахмети пред се му треба адаптација во опозиција, потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака седнуваме, меѓутоа не знам кај ќе одиме. Ќе седнеме ама што ќе правиме? Ние сме отворени и комуницираме со сите политички партии, без исклучок. Немаме ништо против и со него да комуницираме, меѓутоа нека почне со реформи, тоа е многу битно. На ДУИ и требаат реформи., изјави Таравари.

Од Собранието претходно изјавија дека засега до спикерот Гаши не е стигнат допис од Мендух Тачи дека тој во иднина ќе делува како самостоен пратеник. Европскит фронт има 18 пратеници кои досега во 2 наврати беа клучни за обезбеудвање на двотретинско и бадинтерово мнозинство.

притисни ентер