Лидерот на ДПА Мендух Тачи не се произнесува дали и дефинитивно го напушта „Европскиот фронт“

Лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе неколку денови молчи и јавно не се произнесува дали тој и дефинитивно го напушта Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Според информациите лиферувани во јавноста, наводно причината за разидувањето се недоразбирањата што тој ги има од минатото со Зијадин Села, но тој за Канал 5 демантира дека постои антагонизам меѓу него и Тачи во коалицијата.

Во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека тие функционирале во рамки на Европскиот фронт, а од лидерот на ДПА, според него, се уште нема потврда дека тој ќе делува самостојно.

Од Европскиот фронт и денеска тврдат дека пратеничката група е функционална и во Собранието делува во полн состав. По прозивките од премиерот Мицкоски до Ахмети да ја реформира партијата и да ја исчисти од како што рече криминалците во своите редови, од ДУИ со одговор дека самите одлучуваат што ќе прават во своите редови.

Слична порака до Ахмети за ДУИ за реформи испратија и од владејачката коалиција „Вреди“. По повикот од Ахмети да му се приклучат на Европскиот фронт, министерот Таравари им порача да се помират во опозиција, а потегото на Тачи не сакаше да го коментира.

-Мендух Тачи е посебен... Така да тоа е негова одлука, не би сакал да коментирам... На г-динот Ахмети пред се му треба адаптација во опозиција, потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака седнуваме, меѓутоа не знам кај ќе одиме. Ќе седнеме ама што ќе правиме? Ние сме отворени и комуницираме со сите политички партии, без исклучок. Немаме ништо против и со него да комуницираме, меѓутоа нека почне со реформи, тоа е многу битно. На ДУИ и требаат реформи., изјави Таравари.

Од Собранието претходно изјавија дека засега до спикерот Гаши не е стигнат допис од Мендух Тачи дека тој во иднина ќе делува како самостоен пратеник. Европскит фронт има 18 пратеници кои досега во 2 наврати беа клучни за обезбеудвање на двотретинско и бадинтерово мнозинство.

27- годишен грчки фудбалер загина во сообраќајка- со автомобилот се забил во бандера (ВИДЕО)

Голема трагедија го погоди грчкиот спорт.

Фудбалерот Христос Кермелидес (27) загина во сообраќајна несреќа на патот Лариса - Кардица откако удрил во бандера.

Се уште не се познати околностите под кои се случила несреќата, а несреќното момче починало на лице место. Несреќата се случила во раните утрински часови недалеку по раскрсницата во Лариса.

Кермелидес беше фудбалер на грчкиот третолигаш Атромитос Паламас, со кој минатата сезона избори промоција во повисок ранг. Во текот на кариерата настапуваше и за Ахил Фарсалона и Док Хипериа.

- Семејството Ахилеа изразува тага и искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Христос Кермелидис, кој неправедно и неочекувано почина на 27-годишна возраст. Нека неговата земја почива во мир - стои во соопштението за медиумите на Ахилеас Фарсалона.

По катастрофалните поплави, издадено е ново предупредување за силни врнежи во БиХ

Поради прогнозираните пообилни врнежи од 30 до 60 литри на метар квадратен, кои се очекуваат задутре, се предвидува пораст на водостојот на повеќето хидролошки станици во водното подрачје на Јадранското Море.

Поради прогнозираните пообилни врнежи од 30 до 60 литри на метар квадратен, кои се очекуваат задутре, се предвидува пораст на водостојот на повеќето хидролошки станици во водното подрачје на Јадранското Море, особено во делот од поплавното подрачје на ТМТ и средна и долна Неретва со нејзините притоки, јавува Анадолу.

„Предупредувањето е издадено поради моменталната состојба во поплавените подрачја поради можна појава на поројни потоци и одрони, а ги опфаќа општините и градовите: Коњиц, Јабланица, Мостар, Чапљина, Груде, Љубушки, Широки Бријег и Пошушје. соопшти Агенцијата за водено подрачје на Јадранското Море.

Сите активности за следење и известување за моменталната хидролошка состојба во водното подрачје се спроведуваат во согласност со Федералниот оперативен план за заштита од поплави.

Тие ги советуваат надлежните институции да ја следат состојбата и да постапуваат согласно своите овластувања, придржувајќи се до Сојузниот оперативен план за одбрана од поплави, а им препорачуваме дополнителна внимателност на службите кои спроведуваат мерки за заштита, спасуваат луѓе и материјални добра.

Надлежните служби за цивилна заштита треба навремено да го предупредат населението во подрачјата покрај реките кои немаат вградени заштитни водени објекти за опасност од приближување до брегот поради евентуално зголемување на длабочината и брзината на водата во реките и навремено да обезбеди информации со упатства за однесување за населението да може да спроведе мерки насочени кон намалување на потенцијалните штети од штетните ефекти на водата.

Во Мексико убиен градоначалник по само шест дена од стапувањето на функција

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен вчера, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпасинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Јавното обвинителство на сојузната држава Гереро, каде што насилствата зајакнаа, соопшти дека е покрената истрага за убиството на градоначалникот на Чилпансинго.

притисни ентер