„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути

Популарните „куси видеа“ (Shorts) на „Јутјуб“ ќе траат подолго. Поточно, од 15 октомври авторите ќе можат да снимаат кратки видеа во траење до три минути.

Кусите снимки ќе добијат и шаблони што ќе може да се испробаат со притискање на копчето „Ремикс“ на видеото и со избирање на опцијата „Употреби шаблон“ (Use this template). Исто така, како што се соопштува - наредниве месеци корисниците ќе можат да ремиксираат клипови од избрани содржини на „Јутјуб“, па дури и да извлекуваат делови од повеќе видеа.

Има нова страница „Шортс трендс“ (Shorts Trends) на мобилната верзија, па корисниците наскоро ќе можат да ги прегледуваат и коментарите во изворот на кусото видео.

Ако случајно не ви се допаѓаат овие куси видеосодржини, на почетокот сe воведува и опција за нивно прикажување во помал број и поретко. Но, ова ќе работи само привремено.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи не се произнесува дали и дефинитивно го напушта „Европскиот фронт“

Лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе неколку денови молчи и јавно не се произнесува дали тој и дефинитивно го напушта Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Според информациите лиферувани во јавноста, наводно причината за разидувањето се недоразбирањата што тој ги има од минатото со Зијадин Села, но тој за Канал 5 демантира дека постои антагонизам меѓу него и Тачи во коалицијата.

Во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека тие функционирале во рамки на Европскиот фронт, а од лидерот на ДПА, според него, се уште нема потврда дека тој ќе делува самостојно.

Од Европскиот фронт и денеска тврдат дека пратеничката група е функционална и во Собранието делува во полн состав. По прозивките од премиерот Мицкоски до Ахмети да ја реформира партијата и да ја исчисти од како што рече криминалците во своите редови, од ДУИ со одговор дека самите одлучуваат што ќе прават во своите редови.

Слична порака до Ахмети за ДУИ за реформи испратија и од владејачката коалиција „Вреди“. По повикот од Ахмети да му се приклучат на Европскиот фронт, министерот Таравари им порача да се помират во опозиција, а потегото на Тачи не сакаше да го коментира.

-Мендух Тачи е посебен... Така да тоа е негова одлука, не би сакал да коментирам... На г-динот Ахмети пред се му треба адаптација во опозиција, потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака седнуваме, меѓутоа не знам кај ќе одиме. Ќе седнеме ама што ќе правиме? Ние сме отворени и комуницираме со сите политички партии, без исклучок. Немаме ништо против и со него да комуницираме, меѓутоа нека почне со реформи, тоа е многу битно. На ДУИ и требаат реформи., изјави Таравари.

Од Собранието претходно изјавија дека засега до спикерот Гаши не е стигнат допис од Мендух Тачи дека тој во иднина ќе делува како самостоен пратеник. Европскит фронт има 18 пратеници кои досега во 2 наврати беа клучни за обезбеудвање на двотретинско и бадинтерово мнозинство.

ЕПИ: Надворешната политика е важна за граѓаните, но тие не се доволно информирани

58,4 отсто од граѓаните целосно ги поддржуваат интеграциите на земјата во ЕУ, со дополнителни 18,4 отсто кои рекле дека главно го поддржуваат членството во Унијата.

58,4 отсто од граѓаните целосно ги поддржуваат интеграциите на земјата во ЕУ, со дополнителни 18,4 отсто кои рекле дека главно го поддржуваат членството во Унијата, покажуваат резултатите од четвртата Дебатна анкета спроведена од Институтот за европска политика (ЕПИ).Од друга страна, воопшто не ги поддржуваат европските интеграции само 11,6 отсто до граѓаните.

Директорката на Институтот, Симонида Кацарска верува дека одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ претставува чекор назад за нашата држава, но не смета дека дискусијата за понатамошните чекори треба да се одвива зад затворени врати, како што предложи опозициската СДСМ.

Кацарска смета дека лобирањето за прием на Македонија во ЕУ не треба да биде изоставено од методите кои ќе ги применува власта, а пријателството со Унгарија да биде умерено. Сепак, не верува дека уставни измени со одложени дејство се остварливи.

Истражувањето на ЕПИ покажало дека големо мнозинство од граѓаните го поддржуваат и членството во НАТО. Голем дел од граѓаните веруваат дека надворешната политика влијае врз нивниот секојдневен живот, но сложеноста на дипломатските преговори, меѓународните договори и стратешките сојузи обично се надвор од секојдневните искуства и грижите на обичните граѓани, што им отежнува целосно да ги сфатат или да се чувствуваат поврзани со овие прашања.

Вучевиќ: Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион

Благодарам на претседателот на Владата на Македонија, на господинот Мицкоски на поканата да разговараме денеска, значи имаме традиционално добри претходни односи меѓу Македонија и Република Србија.

Во однос во својата изјава ве извести за тоа што разговаравме. Тоа беа клучни теми, за нас е многу значајно, за Република Србија, изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас на нашата држава преку Македонија, односно кон Грција.

Од Грција спрема Македонија и Србија. Се разбира претседателот на Владата на Северна Македонија апострофираше да се гради и нафтовод на истата таа траса за што ние сакаме ќе разговараме и ќе развиеме темелни разговори пред времето што се наоѓа. Разговаравме и за други искуства и сето она што се случува во регионот, чии факторот е нашата држава, нашите земји, се повеќе трошат енергија тоа е голем предизвик. Како можеме до декарбонизација што влијае на животната средина, во исто време да не ги загрозиме енергетската стабилност и политичката. Тоа е тема којашто секако ќе биде доминантна во разговорите не меѓу Македонија и Србија туку помеѓу сите земји од нашиот регион како го оквалификуваат Западен Балкан.

Силно го поддржуваме заедничкиот пат. Република Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион и даваме целосна поддршка на Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека Европската Унија мораше од поодамна на даде можност на Македонија за нејзиниот напредок кон Европската Унија. Тоа јавно сакаме да го кажеме и веруваме во заедничката европска судбина и приказна за целиот регион. Мислам дека на тој начин ќе се релаксираат меѓусебните односи. Не говорам за односите помеѓу Македонија и Србија туку за целиот регион, и овој регион на Западен Балкан заслужува шанса и поддршка на целата Европска Унија. Верувам тоа време кое е пред нас ќе се отвори за нас. За нас е многу значајно прашање, за Србија е многу значајно прашање да ја слушнеме стратешката одлука на Скопје на Македонија дали Коридорот 10 пред сѐ зборуваме за железничкиот сообраќај определувањето на Скопје, Владата на Македонија да го види Коридорот 10 како стратешки правец за железничка инфраструктура, за транспорт железнички. Тоа е единствена прилика заедно со европските партнери зборуваме и за Австрија, за Унгарија, за Грција, да се поврземе меѓу Виена- Будимпешта, Белград-Скопје, Софија- Атина. Тоа е сето тоа што во моментов може само да се сонува, а мислам дека ќе ја поврземе Средна Европа со Медитеранот, со Егејското море односно со грчките пристаништа, а Грција ќе ја доближиме преку нашите држави до Централната Европа. И тоа што некогаш горделиво се искажуваше во последно време е ставено настрана, природен пат Азија и Европа преку Вардарска долина, патот преку Србија и Македонија мислам дека српската и македонската страна не треба да го доживуваат тоа да биде предност за нас и заеднички да ги развиваме овие патишта. Верувам дека интересот и на Македонија и на Србија е да се споиме и железнички преку брза пруга помеѓу нашите две држави Скопје-Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена ќе бидат многу блиски. Преку нашите држави луѓето многу полесно ќе патуваат, каргото ќе биде подобар, повеќе ќе се врши трговија и мислам дека луѓето ќе живеат подобро, а тоа е интерес на сите држави.

Можам да кажам во име на Владата на Република Србија, нашата држава, разговаравме околу граничните премини, да можеме да видиме надоградба во однос на тоа како што е проектот Single Window, и во карго сообраќајот и во цивилниот редовен сообраќај со што помалку задржување само едно запирање, само еден преглед на лични карти, документи и пасоши. Да не се губи многу време, камионите ден да не стојат, да не стојат со часови и часови да чекаат да ги завршат царинските процедури. Така губат сите стопанствениците, државите, луѓето и тоа што ги оптоварува и странските инвеститори кои сакаат во Србија и Македонија да ја гледаат како дестинација на нивната нова инвестиција. Затоа треба да работиме и апсолутно да се релаксираме од сите тие административни бариери и да не веруваме на некои бирократски пречки, туку да ги решиме тие проблеми, а тоа го чекаат и нашите граѓани. И затоа се радувам на заедничката седница на двете влади. Ние, јас го понудив му кажав на уважениот претседател на Владата, нашиот пријател Христијан Мицкоски, она што на жалост не се случи пред седум-осум години, од различни причини, повторно да воспоставиме и наредната заедничка седница да биде во Ниш. Подготвени сме доколку се договорат крајот до 2024 година да имаме заедничка седница на владите и да го вратиме ритамот на билатералните односи во една нормална процедура. Мислам дека тоа е природно и нормално двата соседа, комшиски држави да соработуваат. Ги молам Владата на Македонија и стопанството да учествуваат во 2027 на ЕКСПО, во Белград, значајно е за Македонија за вашето стопанство, за целиот регион, македонските компании да бидат присутни во Белград на ЕКСПО, 2027 година. Тоа ќе биде еден голем фестивал и саем на целиот свет и би било неприродно Македонија да не учествува, а ние сме подготвени да ги овозможиме најдобрите можности.

Инаку македонските компании за Владата на Македонија се дел од тој процес. Официјално го повикувам премиерот на Македонија, да дојде во официјална посета на Белград во Република Србија. Се радуваме на новите средби и разговори. Заеднички да работиме за граѓаните пред сѐ. Сето тоа што го направивме треба да влијае на нивниот квалитет на живот, оти влијае на растот на платите, на пензиите. Младите да видат перспектива, да останат тука, да живеат во нашите држави, да не одат во белиот свет, туку да соработуваат нашите деца, а тоа е клучот на сето тоа што го работиме. Така што не се само технички состаноци туку политички состаноци кои треба да доведат до подобри односи, секако создавање на услови на овој регион да биде добро место за живеење на сите граѓани кои живеат на овие простори. Еве уште еднаш Христијан, благодарам на поканата се радувам на оваа средба и верувам дека ќе се видиме наскоро и се радувам на твоето доаѓање кај нас. И лично се радувам на твојот престој и доаѓање во Србија.

Благодарам на сите“, рече српскиот премиер.

притисни ентер