Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ и премиерот Вучевиќ со српската дијаспора

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, а во присуство на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, оствари средба со дијапората во Амбасадата на Србија во Македонија.

Во рамки на денешната официјална посета на земјава делегацијата предводена од премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, а во присуство на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, оствари средба со дијапората во Амбасадата на Србија во Македонија.

На средбата уште еднаш беа испратени пораки за продлабочување на соработката меѓу двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Република Србија.

„Чест ми е што можам да ве поздравам, инсистирав на оваа средба затоа што ова, но и фактот дека имаме Србин во Владата на Македонија за нас не е само прашање на симболика, туку суштинско. Добивме уверување дека Коридор 10 е определба на оваа Влада, а зборувавме и за максимално поедноставување на процедурите на границите. Што се однесува до нас, ние сме максимално подготвени да го направиме ова. Многу е важно и Македонија да биде дел од Експо и мило ми е што токму заменик-претседателот и министер Стоилковиќ ќе го води тој проект“, истакна на средбата премиерот Вучевиќ и упати апел до српската заедница во земјава во сите различности кои, како што рече, ги имаaт двата народа, да го зачуваат националниот идентитет.

„Истото сакам да им го порачам и на Македонците кои живеат во Србија“, рече премиерот Вучевиќ.

„Денешната посета на премиерот Вучевиќ е круна на неодамнешната подготовителна посета на Белград и сето она што го сработевме во претходниот период“, порача заменик-претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Претходно во текот на денот потпретседателот и министер Столковиќ го пречека премиерот Вучевиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, по што двајцата поминаа низ шпалир од 18 гардисти.

Кабинет на потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците

27- годишен грчки фудбалер загина во сообраќајка- со автомобилот се забил во бандера (ВИДЕО)

Голема трагедија го погоди грчкиот спорт.

Фудбалерот Христос Кермелидес (27) загина во сообраќајна несреќа на патот Лариса - Кардица откако удрил во бандера.

Се уште не се познати околностите под кои се случила несреќата, а несреќното момче починало на лице место. Несреќата се случила во раните утрински часови недалеку по раскрсницата во Лариса.

Кермелидес беше фудбалер на грчкиот третолигаш Атромитос Паламас, со кој минатата сезона избори промоција во повисок ранг. Во текот на кариерата настапуваше и за Ахил Фарсалона и Док Хипериа.

- Семејството Ахилеа изразува тага и искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Христос Кермелидис, кој неправедно и неочекувано почина на 27-годишна возраст. Нека неговата земја почива во мир - стои во соопштението за медиумите на Ахилеас Фарсалона.

По катастрофалните поплави, издадено е ново предупредување за силни врнежи во БиХ

Поради прогнозираните пообилни врнежи од 30 до 60 литри на метар квадратен, кои се очекуваат задутре, се предвидува пораст на водостојот на повеќето хидролошки станици во водното подрачје на Јадранското Море.

Поради прогнозираните пообилни врнежи од 30 до 60 литри на метар квадратен, кои се очекуваат задутре, се предвидува пораст на водостојот на повеќето хидролошки станици во водното подрачје на Јадранското Море, особено во делот од поплавното подрачје на ТМТ и средна и долна Неретва со нејзините притоки, јавува Анадолу.

„Предупредувањето е издадено поради моменталната состојба во поплавените подрачја поради можна појава на поројни потоци и одрони, а ги опфаќа општините и градовите: Коњиц, Јабланица, Мостар, Чапљина, Груде, Љубушки, Широки Бријег и Пошушје. соопшти Агенцијата за водено подрачје на Јадранското Море.

Сите активности за следење и известување за моменталната хидролошка состојба во водното подрачје се спроведуваат во согласност со Федералниот оперативен план за заштита од поплави.

Тие ги советуваат надлежните институции да ја следат состојбата и да постапуваат согласно своите овластувања, придржувајќи се до Сојузниот оперативен план за одбрана од поплави, а им препорачуваме дополнителна внимателност на службите кои спроведуваат мерки за заштита, спасуваат луѓе и материјални добра.

Надлежните служби за цивилна заштита треба навремено да го предупредат населението во подрачјата покрај реките кои немаат вградени заштитни водени објекти за опасност од приближување до брегот поради евентуално зголемување на длабочината и брзината на водата во реките и навремено да обезбеди информации со упатства за однесување за населението да може да спроведе мерки насочени кон намалување на потенцијалните штети од штетните ефекти на водата.

Во Мексико убиен градоначалник по само шест дена од стапувањето на функција

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен вчера, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпасинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Јавното обвинителство на сојузната држава Гереро, каде што насилствата зајакнаа, соопшти дека е покрената истрага за убиството на градоначалникот на Чилпансинго.

притисни ентер