Албанската полиција откри лабораторија за преработка на кокаин внесен од Латинска Америка

 По истрага покрената во 2023 година, албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, во Ќерет, Фуш Краја,  откри лабораторија каде што се преработувал кокаин прошверцуван од Латинска Америка.

Уапсени се 10 лица, меѓу кои седум Албанци, еден од Колумбија и двајца од Венецуела. Истрагата на СПАК утврдила дека странците ја подготвиле инфраструктурата за преработка на кокаин донесен од Латинска Америка.

Според СПАК запленети се 48 тони, односно околу 850 кожи во кои се сомнева дека се топел кокаин, околу шест килограми кокаин, како и мешалки и раствори кои би послужиле за процесот. Меѓу одземените докази се и 57 милиони колумбиски пезоси и 36 илјади евра.

Групата со претходни врски со други лица на шверцот со дрога изложена на SKAJ ECC, според СПАК, успеала да инсталира лабораторија во Ќерет, но и помошни простории во Тирана.

СПАК смета дека нивото на соработка со странски шверцери, кои вршеле понатамошен транспорт на кокаинот е од високо ниво на организација што се вршело преку напредна технологија.

Поставувањето на лабораторијата во близина на аеродромот, оценува СПАК, е заради брз транспорт на кокаинот.

Контроли се вршени и во други градови, каде е пронајдена апаратура.

Откривањето на лабораторијата за кокаин во Ќерет, шефот на СПАК, Алтин Думани, го оцени како „клучен момент во борбата против организираниот криминал во Албанија".

-Оваа истрага е јасен доказ дека СПАК е посветен на гонење и разбивање на криминални мрежи кои ја загрозуваат безбедноста и правдата во нашата земја. Досегашниот успех на оваа кривична постапка покажува дека меѓународната соработка и домашната експертиза се клучот за конкретни резултати, оценува Думани./МИА

Израелскиот претседател го откажа патувањето за КОП29 поради безбедносни причини

 Израелскиот претседател Исак Херцог ја откажа планираната посета на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан поради „безбедносни грижи“, соопшти денеска неговиот кабинет, без да даде дополнителни детали.

Израелските медиуми шпекулираа дека постои загриженост за можни ирански напади врз израелски цели во Азербејџан, кој е домаќин на разговорите на КОП29 што се водат во Баку.

Херцог отпатува за Азербејџан за прв пат во државна посета во мај 2023 година.

Оваа претежно муслиманска земја се смета за важен геостратешки партнер за израелската влада бидејќи се граничи со Иран. Односите меѓу Баку и Техеран генерално беа ладни./МИА

Јанчев и Трајановски извршија увид во градежните активности на дел од регионалните патишта

Попладнево градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев заедно со директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изврши увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кои минуваат низ градот.

"Попладнево заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев извршивме увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кој минуваат низ градот.

Целта е пред зимскиот период да се заврши со реализацијата на проектите кои Јавното претпријатие за држвни патишта ги реализира заедно со општина Кавадарци.

Дополнително ЈПДП работи на изработка на проектна документација за обиколница на градот Кавадарци,со реализацијата на овој проект ќе се растерети сообраќајот низ градот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот."- објави Трајановски.

Лоши вести за играчите на „PlayStation“

Инсајдерот Џеф Граб има лоши вести за оние кои првенствено играат на „PlayStation“.

Граб наведува дека нема новости во врска со настаните на „PlayStation Showcase“ или „State of Play“, и покрај очекувањата на гејмерите.

Беа објавени многу големи најави во текот на годината, а со оглед на тоа што насловите како „Concord“ не доаѓаат, извршните директори на „PlayStation“ би можеле да бидат заинтересирани да им дадат на фановите нешто друго да очекуваат. Или сепак не?

Иако имаше многу големи изданија на„ PlayStation“ во 2024 година (Helldivers 2, Stellar Blade, Astro Bot), гејмерите кои се забавуваа со тие наслови можеби бараат нешто за крајот на годината.

„Naughty Dog“ има проекти во работа, „Sucker Punch Productions“ го објави„ Ghost of Yotei“, а „Kojima Productions“ продолжува со работа на „Death Stranding 2“, но сè уште не знаеме кога ќе добиеме повеќе информации за овие наслови.

Инсајдерот во индустријата за игри, Џеф Граб, сподели на социјалните мрежи дека не слушнал ништо за евентуалниот настан на „PlayStation Showcase“ или „State of Play“ планиран за декември.

Како што се наближува крајот на годината, многумина очекуваат повеќе големи најави, но недостатокот на какви било „најави“ од реномирани инсајдери сугерира дека малку, или воопшто, ќе се случи за „PlayStation“ во блиска иднина.

Некои фанови истакнаа дека „Sony“ ја одржа „State of Play“ во јануари 2024 година и тврдат дека најверојатно ќе се одржи на почетокот на 2025 година. Други веруваат дека сè уште има шанса за настан во ноември или декември, а тие информации ќе се појават, доколку ги има, кон крајот на ноември.

Извор: Б92

притисни ентер