Во меч што траеше 2 часа и 24 минути, Американецот сервираше 15 пати, направи една двојна грешка и претвори една брејк-топка од шест шанси.
Вториот светски рекет имаше 10 асови, две двојни грешки и една реализирана брејк-топка од седум можности.
Фриц стана првиот финалист на турнирот со којшто завршува сезоната.
За титулата во Торино американскиот тенисер ќе се бори со победникот од мечот меѓу Јаник Синер (Италија) и Каспер Руд (Норвешка).
Наградниот фонд на турнир изнесува 15,3 милиони долари./МИА