Аморим: Треба да се обидеме повторно да победуваме

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим го именува клубот како најголем во Англија. 

- Ние сме Манчестер јунајтед. Точно дека клубот долго време нема титула во Премиер лигата. Но, ако ме прашаат, ќе одговорам дека Манчестер јунајтед е најголемиот клуб во Англија. Дел од историјата на англискиот фудбал. Треба да се вратиме на победнички патеки. Да се обидеме повторно да имаме успеси, изјави португалскиот фудбалски стручњак.

Аморим им упати порака на неговите фудбалери заеднички да изградат тимски дух, победничка атмосфера, да се врати самодовербата кај секој поединец.

-Треба јасно да ни биде на сите што сакаме. Потребно е секој инволвиран во работата на тимот да го знае тоа, играчи да го направат истото, изјави Аморим.

На 23 ноември Амрим против Тотенехм ќе го има своето деби во Манчестер јунајтед. /МИА

Јанчев и Трајановски извршија увид во градежните активности на дел од регионалните патишта

Попладнево градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев заедно со директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изврши увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кои минуваат низ градот.

"Попладнево заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев извршивме увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кој минуваат низ градот.

Целта е пред зимскиот период да се заврши со реализацијата на проектите кои Јавното претпријатие за држвни патишта ги реализира заедно со општина Кавадарци.

Дополнително ЈПДП работи на изработка на проектна документација за обиколница на градот Кавадарци,со реализацијата на овој проект ќе се растерети сообраќајот низ градот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот."- објави Трајановски.

Лоши вести за играчите на „PlayStation“

Инсајдерот Џеф Граб има лоши вести за оние кои првенствено играат на „PlayStation“.

Граб наведува дека нема новости во врска со настаните на „PlayStation Showcase“ или „State of Play“, и покрај очекувањата на гејмерите.

Беа објавени многу големи најави во текот на годината, а со оглед на тоа што насловите како „Concord“ не доаѓаат, извршните директори на „PlayStation“ би можеле да бидат заинтересирани да им дадат на фановите нешто друго да очекуваат. Или сепак не?

Иако имаше многу големи изданија на„ PlayStation“ во 2024 година (Helldivers 2, Stellar Blade, Astro Bot), гејмерите кои се забавуваа со тие наслови можеби бараат нешто за крајот на годината.

„Naughty Dog“ има проекти во работа, „Sucker Punch Productions“ го објави„ Ghost of Yotei“, а „Kojima Productions“ продолжува со работа на „Death Stranding 2“, но сè уште не знаеме кога ќе добиеме повеќе информации за овие наслови.

Инсајдерот во индустријата за игри, Џеф Граб, сподели на социјалните мрежи дека не слушнал ништо за евентуалниот настан на „PlayStation Showcase“ или „State of Play“ планиран за декември.

Како што се наближува крајот на годината, многумина очекуваат повеќе големи најави, но недостатокот на какви било „најави“ од реномирани инсајдери сугерира дека малку, или воопшто, ќе се случи за „PlayStation“ во блиска иднина.

Некои фанови истакнаа дека „Sony“ ја одржа „State of Play“ во јануари 2024 година и тврдат дека најверојатно ќе се одржи на почетокот на 2025 година. Други веруваат дека сè уште има шанса за настан во ноември или декември, а тие информации ќе се појават, доколку ги има, кон крајот на ноември.

Извор: Б92

Фото: „Audi“ претстави нов седан

Откако „Audi“ го повлече „А4“ во пензија, пристигнува нов седан.

Неодамна беше претставен „Audi A5“, а сега пристигна и „Audi A5L“, автомобил со класичен капак на багажникот кој е прикажан во Кина.

Овој модел, за разлика од марката „AUDI“, ги задржа познатите прстени како заштитен знак на марката, а беше продолжен во споредба со европскиот колега, со што се „растегна“ на 4.902 mm.

Во сè останато, овој модел наликува на „Audi A5“ што го имаме во Европа, а ако некој го збуни номенклатурата, да потсетиме дека „Audi“ неодамна реши малку да ги „размрда работите“.

Во иднина, автомобилите на германската марка со фосилни горива ќе имаат непарни броеви во нивните имиња - така замина „А4“ и пристигна „А5“, а кога ќе треба да го видиме тоа што беше порано „А6“, тој автомовил всушност ќе се вика „А7“.

Извор: Б92

притисни ентер