Утре на Дебарско Езеро ќе се одржи риболовен натпревар „Скобуст-Дебар 2024"

Спортското риболово друштво „Трофта" (пастрмка) утре е домаќин на риболовниот натпревар „Скобуст-Дебар 2024".

- Натпреварот ќе се одржи на брегот на Дебарско Езеро, кај градската плажа, поточно местото „Удово". Своите мајстори во ловењето скобуст (скобал,бојник) ќе ги покажат 60 рибари, рекоа за МИА од друштвото.

Тие објаснуваат дека ќе се лови еден рибар-една трска- еден мамец, а се лови на тапа. Секој рибар има право да носи прихрана максимум пет килограми, а ќе се мери само риба бојник.

На победниците ќе им бидат доделени медали и диплома, како и поклони обезбедени од спонзори.

- Секој натпреварувач, доколку се утврди неправилност, односно да лови со повеќе од една трска, со повеќе од една јадица, доколку употребува сонар, не го почитува растојанието до одреденото место и слично без да го извести набљудувачот или судијата веднаш ќе биде дисквалификуван, предупредуваат од друштвото.

Во првата декада од минатиот месец на Дебарско Езеро беше одржан напреварот „Крап куп Дебар 2024" на кој учествуваа 18 екипи.

Видео: Девојката на Џејк Пол го привлече вниманието со своето издание на мечот против Тајсон

Јутјуберот и боксерот Џејк Пол го победи славниот Мајк Тајсон, а на синоќешниот меч негов најголем поддржувач беше неговата девојка Јута Лирдам која го привлече вниманието со своето издание.

Убавата 25-годишна Холанѓанка е лизгачка специјализирана за спринтерски дисциплини и инфлуенсерка која на Инстаграм ја следат 4,6 милиони луѓе, а на својот профил објави видео пред мечот кој се одигра на стадионот „АТ&Т“ во Тексас.

„Подготвена за вечерва“, напиша таа покрај клипот кој им се допадна на речиси 240.000 луѓе, во кој позираше со Јутјуберот во елегантен бел фустан со отворен грб со висок шлиц.

Инаку, парот е во врска од април минатата година, а нивната љубов процвета откако почнаа да се допишуваат на Инстаграм. Јута и Џејк силно се поддржуваат еден со друг, а Пол често присуствува на спортски настани на кои таа учествува.

Израелскиот претседател го откажа патувањето за КОП29 поради безбедносни причини

 Израелскиот претседател Исак Херцог ја откажа планираната посета на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан поради „безбедносни грижи“, соопшти денеска неговиот кабинет, без да даде дополнителни детали.

Израелските медиуми шпекулираа дека постои загриженост за можни ирански напади врз израелски цели во Азербејџан, кој е домаќин на разговорите на КОП29 што се водат во Баку.

Херцог отпатува за Азербејџан за прв пат во државна посета во мај 2023 година.

Оваа претежно муслиманска земја се смета за важен геостратешки партнер за израелската влада бидејќи се граничи со Иран. Односите меѓу Баку и Техеран генерално беа ладни./МИА

Јанчев и Трајановски извршија увид во градежните активности на дел од регионалните патишта

Попладнево градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев заедно со директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изврши увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кои минуваат низ градот.

"Попладнево заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев извршивме увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кој минуваат низ градот.

Целта е пред зимскиот период да се заврши со реализацијата на проектите кои Јавното претпријатие за држвни патишта ги реализира заедно со општина Кавадарци.

Дополнително ЈПДП работи на изработка на проектна документација за обиколница на градот Кавадарци,со реализацијата на овој проект ќе се растерети сообраќајот низ градот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот."- објави Трајановски.

притисни ентер