Албанската коалиција ВЛЕН: Во идната Влада ние сме гаранцијата за уставните измени

„Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и, се разбира, победници на овој блок, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори“.

Почитувани граѓани, почитувани поддржувачи на Албанската коалиција ВЛЕН, денеска сум тука да Ве уверам дека сè се одвива според планот на нашите штабови и дека победата веќе се гледа на хоризонт. Ние точно знаеме што правиме и што треба да направиме до 8 мај. Така, како што докажавме на 24 април, дека Албанците се ЗА коалицијата ВЛЕН, тоа на 8 мај ќе се претвори во референдум, кој на коалицијата ВЛЕН ќе ù донесе албанска плебисцитарна победа.

Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и, се разбира, победници на овој блок, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори. Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната Влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција.

Додека сме овде, морам да Ве повикам да бидете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција ВЛЕН е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро.

Освен ова, ние сме доследни на нашиот став дека треба да се отвори широка дебата со цел при усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство.

Мојот последен апел е да работите со голема трудољубивост, посветеност и грижа, со цел победата на 8 мај да биде што повеличествена. Убедени дека сето тоа вреди да се направи.

СДСМ се подготвува за „процесот на обнова“ на сите нивоа во партијата

Социјалдемократите од наредната недела ги почнуваат подготовките за свикување на отчетниот Конгрес на кој ќе се реферира за изборните резултати и реструктуирање на партијата по катастрофалниот пораз на партијата на двојните избори. 

Од СДСМ брифираат дека највисокото раководство и Извршниот одбор на отчениот Конгрес ќе ги рагледаат причините за изборниот резултат и ќе ги дефинираат роковите кога да се одржат внатрепартиските избори што ги најави лидерот Димитар Ковачевски вечерта по изборниот пораз.

-Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, заменик претседател, раководство, сите органи и тела на партијата на централно и локално ниво, согласно Статутот на СДСМ, брифираат од СДСМ.

Дел од политичките аналитичари сметаат дека сега за СДСМ поважно е да има коренити реформи и внатрепартиските избори со искрен пристап, отколку тајмингот кога тоа ќе се случи, без да се избрзани, ниту само козметички нашминкани.

- Што е поголем поразот на парламентраните избори, а овој беше историски за СДСМ, потребни се коренити реформи за да фатат приклучок со потребите на електоратот и со вистинските потреби и комуникација со граѓаните... Доколку ги третираме оставките како потег за политички маркетинг, тогаш се задоцнети. Тие требаше да следат веднаш по најголемиот пораз. Но политички одлуки не се носат ниту во еуфорија, ниту во депресија. Поважно од тоа кога ги дале оставките и кој е терминот за нивните реформи е тие реформи да бидат искрени и чесни. Значи навистина да погледнат што е проблемот со намаллувањето на гласачкото тело на таа партија, зошто тоа им се случува, да премина од „denial“ фаза во некаква фаза на прифаќање, изјави Арсовски.

По историски најлошите изборни резултати, дел од високите партиски функционери јавно најавија оставки, но од партијата пoтврдија дека официјално ниту еден не ја депонирал досега. Сепак, објаснуваат дека со самата најава дека ќе се избира ново раководство, всушност целото актуелно е во оставка.

Опожарено возилото на директорот на „Идризово“ – МВР работи на расчистување на случајот

Откако рано утринава беше опожарен и целосно изгоре службениот „пасат“ на директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски пред неговата зграда во населбата Кисела Вода, МВР превзема мерки за расчистување на случајот. 

Неофицијално станува збор за подметнат пожар од засега непознати лица.

-Од МВР потврдија дека во инцидентот нема повредени,но може да се забележи дека при пожарот е зафатен дел од фасадата на зградата.

Соседите кои ги затекнавме велат дека се вознемирени од случајот. Една од нив , пред камерата на Канал 5 посведочи што се случувало во нивното соседство.

-Овој први спрат што е тука, приземје и први тој беше цел во пламен, луѓето бегаа од зградата, трчаа доле да излезат. 4 часот сабајле можете да разберете како е тоа пукање, дим, пламен...Сопругот кога се запали колата вика јас слушнав човечки гласови, тој не ги видел, меѓутоа ги слушнал. – вели една од соседките на Јовановски

За одговор на прашањето дали можеби палењето на автомобилот има друга позадина и дали Јовановски претходно добивал некакви закани, тој засега не одговори на телефонските повици.

За да не се случуваат вакви инциденти, покрај поголемо безбедносно внимание, раководните лица во овие ситуации мораат да се изјаснат дали биле подлежни на некакви притисоци и закани смета поранешниот началник на криминалистичката полиција Љубомир Ѓурчевски.

-На едната страна кажуваме политички пресметки, внатрепартиски политички пресметки, како феномен и причина на појава за ова делување. Втората криминолошка поента е делувањето на организираните криминални групи, „визави“ тоа што тие сакаат да го постигнат како своја цел за да добијат одредени бенефиции за време на одслужување на казната затвор. - Љубомир Ѓурчевски поранешен началник на криминалистичката полиција

Инаку, ова не е прв случај на палење на службени автомобили на вработени во затворот „Идризово“. Минатата година изгореа службените автомобили на командирот Африм Реџепи и на заменик директорот на затворот Феми Јоунози.

Беќаровски чека извинување од Демири:Инпутирање на било какви национални навреди е дегутантно

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски.

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски, кој вчера преку статус на министертвото за здравство беше обвинет за албанофобија, во спротивно ќе следува тужба за клевета и нарушување на угледот, напиша Беќаровски под самата објава.. Тој демантира дека во било која ситуација покажал албанофобија во било каква форма, а документот со 14те потпишани лица кои воопшто и не се вработени на клиниката го нарече незаконски...

-За вакви Лаги и Клевети, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавивте писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ. Искрено се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрени, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго наречено дегутантно,- ФБ Статус – Д-р Нико Беќаровски.

Поддршка за докторот Беќеровски стигна и од 30-тина вработени на токсикологија..

Д-р Беќаровски е врвен професионалец кој повеќе од 30 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разликана етничка припадност или припадност со политичка партија, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за остварување на политички цели е скандалозно и некоректмно и поттикнува нетрпение по национална основа.

Само вработените и раководството знаат што се случувало и што во моментов се случува на оваа клиника, разрешувањето на директорот продолжи да ги разгорува страстите.

Канал 5 стапи во контакт и со разрешениот директор Данил Петровски. Тој вели дека е разрешен затоа што не сакал да го прекрши законот и да вработува во предизборие, што му било укажано и од страна на антикорупциска.

Во непотпишувањето на договорорите, здравство виде анти-албанство, и тврдат дека на 18-те лица ќе им бидат продолжени договорите.. Кој ќе ги потпише нивните решенија, информација нема..

притисни ентер