Опожарено возилото на директорот на „Идризово“ – МВР работи на расчистување на случајот

Откако рано утринава беше опожарен и целосно изгоре службениот „пасат“ на директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски пред неговата зграда во населбата Кисела Вода, МВР превзема мерки за расчистување на случајот. 

Неофицијално станува збор за подметнат пожар од засега непознати лица.

-Од МВР потврдија дека во инцидентот нема повредени,но може да се забележи дека при пожарот е зафатен дел од фасадата на зградата.

Соседите кои ги затекнавме велат дека се вознемирени од случајот. Една од нив , пред камерата на Канал 5 посведочи што се случувало во нивното соседство.

-Овој први спрат што е тука, приземје и први тој беше цел во пламен, луѓето бегаа од зградата, трчаа доле да излезат. 4 часот сабајле можете да разберете како е тоа пукање, дим, пламен...Сопругот кога се запали колата вика јас слушнав човечки гласови, тој не ги видел, меѓутоа ги слушнал. – вели една од соседките на Јовановски

За одговор на прашањето дали можеби палењето на автомобилот има друга позадина и дали Јовановски претходно добивал некакви закани, тој засега не одговори на телефонските повици.

За да не се случуваат вакви инциденти, покрај поголемо безбедносно внимание, раководните лица во овие ситуации мораат да се изјаснат дали биле подлежни на некакви притисоци и закани смета поранешниот началник на криминалистичката полиција Љубомир Ѓурчевски.

-На едната страна кажуваме политички пресметки, внатрепартиски политички пресметки, како феномен и причина на појава за ова делување. Втората криминолошка поента е делувањето на организираните криминални групи, „визави“ тоа што тие сакаат да го постигнат како своја цел за да добијат одредени бенефиции за време на одслужување на казната затвор. - Љубомир Ѓурчевски поранешен началник на криминалистичката полиција

Инаку, ова не е прв случај на палење на службени автомобили на вработени во затворот „Идризово“. Минатата година изгореа службените автомобили на командирот Африм Реџепи и на заменик директорот на затворот Феми Јоунози.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер