Многумина, сепак, сè уште се прашуваат дали некогаш ќе има некој толку доминантен како Усеин Болт, и се чини дека тој одговор го добиваме во Австралија.
На националното првенство што се одржува во Квинсленд, спортист со многу чудно име Гоут Гоут на само 16 години буквално ги уништува своите ривали во трката на 100 метри.
Така на социјалните мрежи се појави видео од неговата трка во Квинсленд кога успеа да истрча 100 метри за само 10,29 секунди и тоа на само 16 годишна возраст.
Овој резултат апсолутно може да се спореди со многу од натпреварувачите кои успеаја да ги обезбедат на Олимписките игри во Париз.
Како напредуваше секој метар, разликата во однос на другите натпреварувачи растеше, а кога Гоут Гоут ја заврши трката, сите останати заостанаа околу 15-20 метри?!
Секако, сите веднаш го видоа новиот Усеин „Џус“ Болт во Гоут, а како што истакна и самиот млад спортист, не бега од убави зборови.
- Прекрасно е, бидејќи Усеин Болт е можеби најдобриот спортист на сите времиња и фактот што ме споредуваат со него е фантастичен. Но, јас сум само Гоут Гоут кој се обидува да се прослави. Ако можам да стигнам до тоа ниво, тоа би бил огромен успех - изјави Гоут.
Инаку, самиот Гоут потекнува од јужносуданско семејство кое се преселило во Австралија пред две години. Гоут е веќе блиску до некои од рекордите поставени од Болт, како оние за спортисти помлади од 20 години.
Кој знае, можеби во Лос Анџелес или Бризбејн ќе го видиме Гоут како трча 100 метри под 9,50 секунди...