„Само Интервју“ со Орце Ѓоргиевски

Дами и господа вечерва во Само Интервју ќе гостува Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Сите зборуваат за проблемите во главниот град, никој да ги санира, дали со одземање на дел од ингеренциите на Градот, ќе профункционираат јавните претпријатија?

Како да дишеме чист воздух, има ли јунак што ќе го ослободи Скопје од партиските преписки?

Дали и кој ги става под „тепих“ загадувачите во Метрополата?

Скопјани мака мачат на студеното време, Владата уште не набави автобуси, , се „кршат“ ли политичките копја, врз грбот на граѓаните?

Што е целта на Унгарскиот заем - придвижување на општините или бустирање на рејтинзите на градоначлаиците пред локалните избори?

За кого е, а за кого ЗЕЛС не е, мост меѓу локалната и централната власт, што беше иницијална каписла за незадоволството во заедницата, дали е целосно надминато или е само затишје пред бура?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Орце Ѓорѓиевски., по вестите во 18 часот.

Во Струмица се поставуваат контејнери за селектирање на отпадот

 Струмичкото комунално претпријатие почна со поставување на 60 контејнери во две бои-сина за хартија и жолта за пет пластика.

Контејнерите се поставени во дворовите на сите средни и основни училишта, како и на 20 локации низ градот, информираа од ЈПКД „Комуналец“ на нивната официјална страница.

Оттаму напоменуваат дека истите се само за одреден тип на отпад, сини за хартија и жолти за пет пластика, додека депонирање на друг вид отпад во нив е строго забрането и ќе биде санкционирано од страна на инспекциските служби.

-Според законот за управување со отпад ЈПКД „Комуналец“, како фирма која управува со собирањето на отпад, е должна на граѓаните да им овозможи канти во кои согласно истиот закон се должни да вршат примарна селекција на отпад. Под примарна селекција на отпад се подразбира дека секое домаќинство мора одделно во различни канти да става хартија, пет пластиката и останат смет, се наведува во информацијата.

Додаваат дека деновиве дел од домаќинствата кои не добија канти за рециклирање истите ќе им бидат доставени, со што секое домаќинство, покрај стандардната канта за отпад што ја поседува, ќе има и уште една канта за примарна селекција за отпад.

Инаку, контејнерите се набавени преку Министерството за животна средина и просторно планирање со капацитет од еден метар кубен.

САД покренаа обвинение против индискиот милијардер Адани за поткупи во вредност до 265 мил.дол

Милијардерот Гаутам Адани, претседател на индискиот конгломерат „Адани Груп“ и еден од најбогатите луѓе во светот, е обвинет во Њујорк за вмешаност во шема за давање поткупи во вредност до 265 милиони долари.

Милијардерот Гаутам Адани, претседател на индискиот конгломерат „Адани Груп“ и еден од најбогатите луѓе во светот, е обвинет во Њујорк за вмешаност во шема за давање поткупи во вредност до 265 милиони долари, објавија агенциите, повикувајќи се на американското обвинителство.

Американските власти соопштија дека Адани и седум други обвинети, вклучително и неговиот внук Сагар Адани, се согласиле да платат мито на индиски владини претставници за да склучат договори кои ќе им овозможат профит од 2 милијарди долари во текот на 20 години и да го разработат најголемиот проект за соларна енергија во Индија.

Судот во Њујорк издаде налози за апсење на Гаутам и Сагар Адани, а обвинителите планираат да ги проследат налозите за апсење до странските агенции за спроведување на законот.

Тие, заедно со поранешниот извршен директор на „Адани грин енерџи“, Винет Џејн, се обвинети за заговор за измама со хартии од вредност, а двајцата од семејството Адани ќе се соочат и со граѓански обвиненија поднесени до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Пет други лица се обвинети за заговор за кршење на Законот за странски коруптивни практики, американскиот закон против поткуп, а четворица од нив ќе се соочат и со обвиненија за заговор за попречување на правдата.

Ниту еден од обвинетите не е приведен, соопшти обвинителството во Бруклин. Се верува дека Гаутам Адани е во Индија.

Украина тврди дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета

Русија денеска лансирала интерконтинентална балистичка ракета „Кинџал“ од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети, соопшти украинската војска.

Русија го употреби ова оружје со долг дострел за прв пат откако ја почна војната.

Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше како потенцијална ескалација.

Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите.

Не е познато што конкретно е погодено од интерконтиненталната ракета или дали има голема штета.

Руските ракети имаат дострел од неколку илјади километри и можат да носат нуклеарни боеви глави.

Украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори шест крстосувачки ракети Кх-101 за време на нападот.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ракетата била лансирана од областа Астрахан во Русија, но не прецизираа за каков тип на интерконтинентална балистичка ракета се работи.

притисни ентер