„Само Интервју“ со Димитар Ковачевски

Дами и господа вечерва во Само Интервју ќе гостува поранешнито премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. 

Од очекување за победа, до историскиот пораз на изборите - што му пресуди на СДСМ- политиките и кадрите или пак односот кон ДУИ? Европските интергации им беа главниот адут, но дали францускиот предлог е вистинскиот пат или стана ќорсокак? Како неговото НЕ во Брисел, стана ДА во Скопје, без претходен поширок консензус?

Филипче призна дека измените на Кривичниот законик беа грешка... Кој и зошто ја направи? Какви реформи и требаат на државата, а какви на партијата? Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Димитар Ковачевски, по вестите во 18 часот.

СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира.

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и за веќе завршени судски пресуди на директорки на јавни установи кои по кривична пријава од МВР се казнети затоа што приложиле сертификат од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“.

Станува збор за истото место и истото правно лице од каде што е и сертификатот на партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски.

За случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале.

МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Да не чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“.

И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ.

СДСМ поднесе иницијатива и бараме свикување на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР на којашто ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на сите прашања и основани сомнежи.

СДСМ: Каде бил Христовски на денот кога тврди дека полагал англиски јазик?

СДСМ поднесе иницијатива со којашто бараме свикување на отворена седница на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ.

На ова седница, отворена за јавноста треба да биде поканет директорот на АНБ и да даде одговор на сите прашања и основани сомнежи за неговото незаконско поставување, но и основани сомнежи за прекршување на законите.

Едно од тие прашања е врз основа на информацијата којашто е доставена до нас од свиркачи за тоа каде бил Бојан Христовски на денот кога тврди дека полагал за сертификат по англиски јазик?

Одговорот на ова прашање очекуваме да ги потврди основаните сомнежи за овој скандал.

Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ е неопходна за јавноста да може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, треба да следи уште една оставка на Бојан Христовски а потоа и да следи одговорност.

СДСМ

Поради дефект без вода корисниците од населбата 11 Октомври во Кисела Вода

Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на улица „Спиро Гулапчев“ бр. 11, без вода ќе останат корисниците од населба 11-ти Октомври - Кисела Вода.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 до завршување на интервенцијата.

„Општествените правила“ на Миа и Влатко оживеани на скопските улици

Хрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата „Општествени правила“ (Društvena pravila) - песна создадена во соработка со македонскиот виртуоз на гитарата, Влатко Стефановски.

Видеото е снимено во Скопје и зрачи со урбана естетика, којашто заедно со стиховите на Миа, поттикнува на размислување за општествените норми. Режијата е на Ива Чаиса од „Кроатија рекордс“ (Croatia Records), а зад камерата се најде и нашиот Александар Ристовски. Дамир Бачиќ е извршен продуцент на видеоспотот.

„Друштвена правила“ носи звук од три студија - „Вајт стоун продакшнс“ во Риека, „Кроатија рекордс“ во Загреб и студиото на Влатко Стефановски во Скопје.

- Снимањето на спотот во Скопје беше прилика добро да го запознаам градот, но пред сѐ - одлично се забавував. Со Ива Чаиса како режисерка и Александар Ристовски пред камерата, го изодев градот долж и попреку, а го посетив и студиото на Влатко Стефановски, кој се појавува на крајот од видеото. Македонците се прекрасни луѓе и се надевам дека во иднина ќе има повеќе можности за посета на Македонија. Горда сум на песната „Друштвена правила“ и се надевам дека овој спот ќе ѝ даде дополнителна димензија, изјави Миа.

Преку текстот и изведбата, пејачката, вели, храбро ги истражува површните непишани правила и предизвикот на конфронтирачките конвенции. Новиот сингл ѝ ја открива бунтовничката страна, истакнувајќи ги притисоците и цензурата со коишто многумина се соочуваат.

притисни ентер