Исланд прифати пократка работна недела и има полн погодок

Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела.

CNN

Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела.

Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 отсто од работниците во земјата ја прифатиле понудата да работат пократко, вклучително и четиридневна работна недела, открија два тинк-тенкови и додадоа дека денес веројатно ги има уште повеќе.

Минатата година Исланд забележа побрз економски раст од повеќето европски земји, а неговата стапка на невработеност е една од најниските во Европа, забележаа Институтот за автономија во Обединетото Кралство и Исландската асоцијација за одржливост и демократија (Алда).

„Оваа студија покажува вистинска успешна приказна: пократкото работно време стана широко распространето во Исланд... А, економијата е силна според голем број индикатори“, вели Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач во Алди.

Две претходни студии

Во две големи истражувања помеѓу 2015 и 2019 година, вработените во јавниот сектор во Исланд работеле 35-36 часа неделно, без намалување на платата. Многу учесници претходно работеа 40 часа неделно.

Испитувањата опфатија 2.500 луѓе, повеќе од 1% од работоспособното население на Исланд во тоа време, и беа насочени кон одржување или зголемување на продуктивноста и истовремено подобрување на рамнотежата помеѓу работата и животот.

Истражувачите откриле дека продуктивноста останува иста или подобрена на повеќето работни места.

Здравјето на вработените и нивното задоволство драстично се подобри.

Воочениот стрес се намали, а рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот се зголеми.

По објавените резултати, исландските синдикати преговараа за намалување на работното време за десетици илјади нивни членови низ целата земја.

Економска виталност

Во 2023 година, економијата на Исланд порасна за 5%, што е втора стапка на раст по онаа на Малта меѓу богатите европски економии, според најновите светски економски изгледи на Меѓународниот монетарен фонд, објавен минатата недела. Тоа е многу повисока од просечната стапка на раст на земјата од речиси 2% во деценијата помеѓу 2006 и 2015 година.

Сепак, ММФ предвидува значително побавен раст на Исланд оваа и следната година.

„Растот се очекува да опадне… во 2024 година поради дополнително омекнување на домашната побарувачка и забавување на растот на трошоците за туризам“, објавија државните органи во оценката во јули.

Ниската стапка на невработеност на Исланд е „силен показател за виталноста на економијата“, велат и од Институтот за автономија и Алдо.

Според светската економска перспектива на ММФ, таа стапка изнесуваше 3,4 отсто минатата година, нешто повеќе од половина од просекот за напредните европски економии. Агенцијата очекува да се зголеми благо до 3,8 отсто оваа и следната година.

Имаше голем број на експерименти со четиридневната недела низ светот. Ова вклучува успешно тестирање во 2022 година на 33 компании, при што најголем број со седиште во САД и Ирска.

Санкции на САД за две компании од Србија и Црна Гора поради воена поддршка на Русија

САД воведоа санкции за речиси 400 нови поединци и компании од десетици земји поради воена поддршка на Русија, вклучително и за две компании од Србија и од Црна Гора.

САД воведоа санкции за речиси 400 нови поединци и компании од десетици земји поради воена поддршка на Русија, вклучително и за две компании од Србија и од Црна Гора, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението од Секретаријатот за финансии, српската компанија Вентраде ДОО од Суботица извезла радија од воена класа во руската компанија Промсвјазрадио, која произведува опрема за радио емитување и увезува високоприоритетна технологија за двојна употреба во Русија, јавува Гласот на Америка.

Компанијата од Србија Вентраде ДОО е означена за санкции врз основа на извршната наредба на американската влада, бидејќи на руската компанија „Промсвјазрадио“ и давала финансиска, материјална и технолошка поддршка или и испраќала стоки и услуги.

Според податоците од Регистарот на деловни субјекти на Србија, компанијата Вентраде ДОО е основана на 6 април 2022 година, помалку од два месеци од почетокот на руската инвазија на Украина, со 120.000 динари основачки капитал, а како нејзин оснивач и директор се наведува Рената Мезнерич која е унгарски државјанин.

Од јули 2023 година, како директор и основач на компанијата регистриран е Жолт Лајгут, исто така унгарски државјанин.

Санкции се изречени и на International Business Corporation од Бар, сопственост на рускиот државјанин Сергеј Кокорев, поради извоз на воена опрема од Црна Гора во Русија.

Како што се наведува во соопштението, Кокорев ја користел компанијата за претовар на машински центри и топчести лежишта од европско потекло за клиентите во Русија, меѓу кои и компанијата АМС Техника, која учествува во дистрибуција на големо на индустриски машини и опрема.

Од поменатите 400 санкционирани поединци и компании, Министерството за финансии на САД санкционираше 274 компании и поединци, Стејт департментот воведе санкции за повеќе од 120, а Министерството за трговија додаде уште 40 компании и истражувачки институции на листата на оние кои ќе се соочат со трговски последици поради наводната поддршка за руската армија.

Потегот на американската влада е досега најголемата акција за сузбивање на избегнувањето санкции преку трети земји, изјави претставник на Стејт департментот. Санкциите вклучуваат десетици компании од Кина, Хонг Конг и Индија, што е најголем број досега опфатени со истиот пакет санкции.

Со мерките се опфатени и компании и поединци во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Тајланд, Малезија, Швајцарија и други земји.

Волф по несреќите на последните трки: Ситуацијата за Мерцедес навистина се покажа тешка

Со ограничени буџети, ситуацијата за Мерцедес навистина се покажа тешка.

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, го призна проблемот со недостигот на резервни делови за новите болиди. Истакна дека тимот може да има тешкотии на следната трка за Големата награда на Бразил доколку некој од пилотите повторно доживее несреќа.

Според Волф, Мерцедес беше силно погоден иле тешко погодени по хавариите во Монца, во Остин и во Мексико Сити.

- Со буџетските ограничувања, ситуацијата е навистина тешка. Овие три несреќи го доведоа Мерцедес во тешка положба. Несреќата во петокот во Мексико Сити беше многу сериозна. Моравме да се префрлиме на целосно нова шасија, што е огромен удар за тимот со оглед на ограничувањата на трошоците. Веројатно ќе мора некако да го намалиме бројот на нови делови што ги вградуваме на болидите. Така да, на сцената во Бразил ќе имаме два пакети за надградба, две нови долни каросерии, тоа е сè. Нема да има други резервни делови. Тимот мора да работи во рамките на одредени ограничувања во однос на бројот на резервни делови, а понекогаш мора да биде креативен во решавањето на проблемите, истакна Волф.

Во пресрет на трката во Бразил, пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел се наоѓаат на шестото, односно седмото место во поредокот на возачи во Ф1 шампионатот.

Првиот човек на ЕПП пред можна истрага на Јавното обвинителство на ЕУ

Канцеларијата на Европското јавно обвинителство во соработка со белгиската полиција ги разгледува наводите за измама и корупција, вклучително и за злоупотреба на фондовите на ЕУ.

Канцеларијата на Европското јавно обвинителство во соработка со белгиската полиција ги разгледува наводите за измама и корупција, вклучително и за злоупотреба на фондовите на ЕУ, од страна на лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер во текот на кампањата за изборите за Европскиот парламент во 2019 година.

Според белгиската полиција, нејзини припадници сослушале три лица, меѓу кои и двајца високо позиционирани членови на изборниот штаб на Вебер, во врска со нивните обврски и активности за време на кампањата за евроизборите во 2019 година.

Истрагата е фокусирана на тоа дали трите лица противзаконски примале донации од ЕПП и од нејзината Пратеничка група во Европскиот парламент.

Согласно регулативите на ЕУ, пратеничките групи во Европарламентот се финансирани од Буџетот на Унијата, односно од даночните обврзници во блокот, и тие средства не смеат да се користат за политички кампањи.

Според полициските извори, тројцата активисти во кампањата на Вебер, кој во 2019 година беше „шпиценкандидат“ на ЕПП, биле испрашувани за сомнежи за сторени кривични дела „фалсификување јавна исправа“, „фалсификување на јавни документи од страна на државен службеник при извршување на должностите“, „прекршување на довербата“, „измама“ и „корупција“.

Тие биле сослушувани „дали можеби примале компензации од Пратеничката група на ЕПП додека потенцијално вршеле услуги за Европската народна партија поврзани со кампањата во 2019 година“.

Сепак, засега не се покренати никакви официјални обвиненија во врска со овој случај.

Двајца од сослушуваните во првата половина на 2019 година дале откази на своите работни места во Европарламентот за да работат за ЕПП, а третиот работел во партијата и пред да биде ангажиран во кампањата на Вебер.

Последниве години во ЕУ стана стандардна пракса вработени во европските институции да ги напуштаат своите работни места или да земаат неплатено отсуство за да се ангажираат во изборните кампања, а потоа, по изборите, се враќаат на старите или добиваат нови позиции.

Пратеничката група на ЕПП, од своја страна, ги отфрли наводите за злоупотреби од нејзина страна, нагласувајќи дека немале информации дека се води некаква истрага.

- Не ни се обратија ниту од Канцеларијата на Европското јавно обвинителство, ниту белгиските власти, ниту која било друга агенција за спроведување на законот, за каква било можна истрага од кој било вид. Групата ЕПП има ригорозни стандарди во менаџирањето на својот буџет и доброволно се подложува на контрола за проверка на законитоста, соопшти ПГ на ЕПП.

Портпарол на Вебер, пак, изјави дека ПГ на ЕПП е подготвена за целосно соработка во истрагата, потенцирајќи дека во моментов ниту еден надворешен ревизор „не води постапка за наводна злоупотреба на средства“.

Вебер од претходно се најде на удар на критики откако беше обелоденето дека како европратеник добива нето плата од околу 8.000 евра месечно, како и уште 14.120 евра надомест како претседател на ЕПП.

Тој во 2019 година беше „шпиценкандидат“ на ЕПП, што значеше дека ќе биде партиски кандидат за нов претседател на Европската комисија, но не доби поддршка од сите лидери во ЕУ, по што за шеф на извршното тело на блокот беше избрана неговата сопартијка Урсула фон дер Лајен. Тоа сепак не го обесхрабри, па покрај должноста прв човек на ПГ на ЕПП во Европарламентот, што ја извршува од 2014 година, во јуни 2022 Вебер ја презеде и функцијата претседател на партијата.

Канцеларијата на Европското јавно обвинителство е задолжена за водење истраги за сериозни кривични дела поврзани со нанесување штети на финансиските интереси на ЕУ, за што по правило соработува со националните органи на прогон.

Обвинителството соопшти дека не коментира тековни истраги, потврдувајќи дека во моментов се истражуваат „наводи за злоупотреба на фондовите на ЕУ извршени во Белгија од членови на Пратеника група во Европскиот парламент“.

Портпаролот на белгиското Јавно обвинителство, Ерик Ван Дер Сипт изјави дека станува збор за истрага што ја води Европското јавно обвинителство, па затоа не можат да го коментираат случајот.

Како дел од истрагата за сомнежи за поткуп во деловни зделки за време на Евроизборите во 2019 година, иницирана од антикорупциска управа на Германија, белгиската и германската полиција лани извршија претрес во седиштето на ЕПП во Брисел. Тогаш партијата ги отфрли ваквите обвинување како „неосновани“. Засега нема информации дали актуелната истрагата на Европското јавно обвинителство е поврзана со овој случај.

Најавите за можна истрага против Вебер, доаѓаат во време кога тој е подложен на критики од страна на високи функционери на ЕПП за начинот на кој раководи со партијата и кога се погласни се барањата за нејзино реформирање.

притисни ентер