„Само Интервју” 17.10.2024 - На кратко со Максим Димитриевски 3

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Момчињата од „Уан дајрекшн“ се простија од Лијам Пејн

 Лијам Пејн, поранешен член на поп-составот „Уан дајрекшн“ (One Direction), почина во средата во хотел во Аргентина. Поранешните членови на групата се простија од својот колега со заедничко соопштение.

„Во догледно време, кога ќе можеме, ќе кажеме повеќе. Сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја преболиме загубата на нашиот брат, кого неизмерно го сакавме. Спомените со него ќе бидат нешто вредно засекогаш. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите кои го сакаа, како и ние. Многу ќе ни недостигаш, Лијам“, објавија момчињата од бендот што се распушти пред осум години.

Полицијата извести дека истрагата на местото на падот е завршена. Прелиминарната обдукција покажала дека Пејн претрпел повеќе повреди, внатрешно и надворешно крварење и починал како последица од падот.

Поп-пејачот бил пронајден мртов пред хотелот „Каса сур“ во луксузната населба Палермо во Буенос Аирес, откако паднал од третиот кат. Полицијата само ја констатирала смртта. Очевидци за американското списание „ТМЗ“ велат дека немилиот настан се случил нешто по 17 часот (по локално време), како и дека Лијам „чудно се однесувал во лобито на хотелот“ претходно... Се вели и оти музичарот „си го скршил лаптопот“ во еден миг.

И во официјалното соопштение се наведува дека полицајците биле испратени во хотелот по повик „во којшто биле информирани за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. А, полицаец, според наводите, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.

Според досегашните сознанија, тој бил сам во хотелската соба кога се случил инцидентот.

Инаку, „две мистериозни жени“ биле со Лијам ноќта пред неговата смрт, пишува „Индекс“. Се претпоставува дека тие би можеле да бидат клучни сведоци оти можеби последни го виделе жив.

Шолц: Германија мора да се погрижи војната во Украина да не се прошири на војна со НАТО

-Не сметам дека е тоа исправна испорака - и така ќе остане, рече Шолц вчера по самитот на Европската унија во Брисел.

Германија има одговорност да се погрижи војната меѓу Русија и Украина да не се претвори во војна меѓу Русија и НАТО, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, повторувајќи го своето „наин“ („не“) за испраќање оружје со долг дострел во Киев, пренесе ДПА.

-Не сметам дека е тоа исправна испорака - и така ќе остане, рече Шолц вчера по самитот на Европската унија во Брисел.

Тој ги отфрли клучните точки од „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски поради стравувањата од идна ескалација.

Зеленски на средбата го претстави својот „план за победа“ и уште еднаш го повика Шолц да му испрати крстосувачки ракети Таурус.

Украинскиот лидер верува дека арсеналот за одвраќање ракети би можел да ја принуди Русија да започне мировни преговори.

Шолц, исто така, останува на својот став против брзата покана за Украина да се приклучи на НАТО, како што е наведено во планот на Зеленски. САД, исто така, се противат на брзиот влез на Украина во НАТО.

Канцеларот се осврна на резолуциите од последниот самит на НАТО во Вашингтон, кои на Украина и понудија општо уверување дека повеќе не може да биде запрена на нејзиниот пат кон Алијансата, но рече дека сите сојузници мора да бидат едногласни дека условите на НАТО да обезбедат покана се исполнети. Тие вклучуваат реформи во економијата и безбедносниот сектор и зајакнување на демократијата.

СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје.

Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот.

Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, во Бугарија или да го покани бугарскиот министер во Скопје и да ги расчисти сите дилеми околу проектот. Наместо тоа, Мицкоски продолжува да ги менува своите тези и да манипулира со јавноста.

Ќе признае ли Мицкоски дека беше свесен за ова кога пред две недели отпатува во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен? На оваа средба се разговарал за Планот за раст, кој го предвидува заокружувањето на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија.

Планот за раст, целосно подготвен од Владата на СДСМ, Мицкоски го потврди со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8. Мицкоски го имал овој документ со себе на 19 септември, но продолжува да ја заблудува јавноста.

Дополнително, дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложи, а тој се согласи, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата? Зошто ја манипулира јавноста дека 500 милиони евра ќе потрошела нашата Влада за проектот? Дали владините претсравници во понеделникот во Брисел ја потврдија финансиката конструкција за пругата кон

Бугарија според која државното директно учество е само 18 милиони евра?

Овој капитален проект е од суштинско значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на Северна Македонија.

СДСМ останува посветена на реализација на капиталните инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат поврзаноста и економскиот раст на државата.

СДСМ

притисни ентер