ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот

ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла.

ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа на тоа утврдено е дека во индексот на храната во просек изнесуваше 127,4 поени, што е за два отсто повеќе од септември и 5,5 проценти повисок од октомври 2023 година.

Во соопштението на ФАО се наведува дека индексот на цената на растителните масла е зголемен за 7,3 отсто во октомври, достигнувајќи го двегодишниот максимум. Додека цената на житата минатиот месец забележа раст од 0,9 проценти, а промената е предизвикана од растот на извозните цени на пченицата и пченката.

На глобалната цена на пченицата, според ФАО, влијаеле неповолните временски услови кај главните извозници на северната хемисфера, повторното воведување на неофицијалниот минимален износ на цената во Русија, како и тензиите во регионот на Црно Море./МИА

Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино

ОВР Неготино до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино осомничен за кривично дело „демнење“.

МВР соопшти дека пријавениот подолг период „следел и прогонувал 41-годишен вработен како началник во ОВР Неготино“, се мешал во неговиот приватент живот, на неговата сопруга и двете малолетни деца. Тоа било утврдено по преземени мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино.

Пријавениот во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот движејќи се во службените простории на ОВР Неготино и во центарот на градот Неготино и речиси секој ден го следел движењето на началникот на ОВР Неготино.

-Доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал, го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видеоклипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата, информира Министерството за внатрешни работи.

Силен земјотрес од 5 степени ја стресе Турција, нема извештаи за настрадани (ВИДЕО)

Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Елазиг на длабочина од 16 километри, објави порталот „Хуриет“.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, потврди дека земјотресот се случил и дека екипи на итните служби и надлежни институции почнале да го скенираат теренот:

„Засега немаме негативни состојби. На граѓаните погодени од земјотресот им даваме целосна поддршка. Господ да ја заштити нашата земја и нашиот народ од катастрофи“, се наведува во соопштението.

притисни ентер