Потребни состојки : 3 парчиња пилешки стек, неколку пченкарни тортилји, 2 зелени пиперки, 2 црвени пиперки, малку маслиново масло, 3 лимони, малку коријандер, малку зачин за пилешко месо, малку буковец, малку сол, 1 главица кромид, малку магдонос и 2 чешни лук.
Постапка:
Пилешкото месо се сече на ленти и се става во тава.
Се цеди свеж сок од лимони и се додава во тавата.
Месото се зачинува со: коријандер, сол, зачин за пилешко месо и буковец по вкус.
Се додава малку маслиново масло и се промешува со лажица.
Пилешкото со состојките треба да отстои околу 30-тина минути.
Пиперките се сечат на ленти и се ставаат во тава.
Кромидот и лукот се сечкаат на поголеми парчиња и се ставаат во тава.
Состојките се полеваат со маслиново масло и се зачинуваат со сол по вкус.
Откако ќе се испржи зеленчукот се додава маринираното пилешко месо и се остава да динста околу 10-15 минути.
На крај состојките се ставаат во тортилјите, се додава малку сечкан магдонос и се виткаат во ролни.