„Патека на славните“ на Широк сокак во Битола

На ден пред почетокот на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на Широк сокак во Битола се оформува „Патека на славните“ на која се поместени 18 ѕвезди.

На првата ѕвезда, пред киното „Манаки“ врежани се имињата на кинематограферите Милтон и Јанаки Манаки, а потоа следат имињата на сите досегашни добитници на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат во Битола и лично ќе ја откријат својата ѕвезда, меѓу нив и годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел.

Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, вдолж од киното Манаки, покрај куќата во која живееле браќата Манаки и се до Офицерски дом.

Фестивалот почнува утревечер и се отвора со филмот „Партенобе“ на Паоло Сорентино, а завршува на 27 септември со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец.

Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ во Рим, Италија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера и денеска, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера и денеска, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим каде учествуваше на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ и се обрати на панелот „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Медитерански дијалог“, појаснуваат оттаму, е годишна конференција на високо ниво за медитеранска геополитика, организирана од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и ISPI (Италијански институт за меѓународни политички студии). Нејзината цел е да се преиспитаат традиционалните пристапи кон медитеранската област и да се адресираат заедничките предизвици на регионално и меѓународно ниво.

Во обраќањето, министерот Муцунски ја потенцирал посветеноста на Владата за исполнување на реформската агенда и финализирање на европското досие. Нагласил дека е потребно поблиско вмрежување и интеграција на нашата држава во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен, како и зголемена интеракција со земјите од Европската Унија. Муцунски, меѓу другото, истакнал дека Република Северна Македонија, преку својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа, промовирајќи европски вредности, добрососедски односи и регионална соработка.

Муцунски, исто така, нагласил дека геополитичките реалности, како војната во Украина и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, ја нагласуваат потребата од колективни решенија кои ги надминуваат индивидуални напори на поединечни држави. Муцунски ја истакнал важноста на поврзаноста на Северна Македонија со Европа и поширокиот Медитеран, особено преку Коридорите VIII и X, дел од новиот Европски транспортен коридор за поврзување на Југоисточна и Централна Европа.

Дополнително, тој го посочил потенцијалот за обновливи извори на енергија, кој ја позиционира нашата држава како лидер во зелена транзиција во регионот.

Амбасадата на САД организира панел-дискусија на тема „Борба против корупцијата“

,,Мојот антикорупциски дневник“е новиот прокет на Амбасадата на САД.

,,Мојот антикорупциски дневник“е новиот прокет на Амбасадата на САД, преку програмата опдат на Министерството за правда на САД и УСАИД, Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против корупцијата.

Целта на дневникот е да ги поттикнат младите за да ја препознаат корупцијата во секојдневниот живот.

„Гответе со Дракче“ - Полжави со чадена сланина

Во понеделник (25.11.2024) во емисијата гостин ни беше Ѓорѓи Тодоровски Трупче.

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. полжави

4 - 5 чешниња лук

100 гр. чадена сланина

30 гр. путер

половина од китка магданос

малку маслиново масло

сол и буковец по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер