„Опен-АИ“ до декември ќе го претстави ВИ-моделот „Орион“

Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) до декември оваа година ќе го претстави „Орион“ (Orion) - нов модел со вештачка интелигенција „што ги поместува границите“, пишува „Верџ“ (The Verge).

За разлика од претходните два ВИ-модели на „Опен-АИ“, како ги вклучуваат „ГПТ-4о“ и „о1“, „Орион“ првично нема да биде широко дистрибуиран преку „Чет-ГПТ“. Наместо тоа, се планира прво да обезбедување пристап до компаниите со коишто тесно соработува, за да можат да креираат свои производи и услуги, како тврди извор близок до проектот сo кодно име „Strawberry“ (стробери / јагода).

Но, друг извор тврди дека инженерите на „Мајкрософт“ (Microsoft), инаку главен партнер во лансирањето на „Опен-АИ“ за моделите на ВИ, се подготвуваат да го поврзат со апликацијата „Азур“ (Azure) веќе во ноември. И додека „Опен-АИ“ го гледа „Орион“ како наследник на „ГПТ-4“, сè уште е нејасно дали за надворешна ќе се нарекува - „ГПТ-5“. Компаниите-партнери одбија да коментираат.

„Орион“, наводно, ќе биде 100 пати помоќен од „ГПТ-4“ и е одделен од моделот „o1“. Целта е модел што би се нарекол „вештачка општа интелигенција“ или „Artificial General Intellighence“ - АГИ.

За „Орион“, компанијата потроши 6,6 милијарди долари, и се преструктурираше како профитен ентитет. Компанијата, исто така, направи крупни промени во персоналот. Мира Мурати, Боб Мекгру и Барет Зоф - три лица одговорни за истражувањата заминале или најавија заминување од фирмата. /МИА

Петмина израелски војници загинале, 19 се ранети во борбите против Хезболах во Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека пет израелски војници биле убиени за време на судирите со оперативците на Хезболах во јужен Либан вчера вечерта, а 19 биле ранети, од кои некои потешко.

Сите тие служеле во 89-от баталјон на 8-та оклопна бригада, објави „Тајмс оф Израел“.

Според прелиминарната истрага на ИДФ, оперативци на Хезболах во јужно либанско село нападнале зграда во која војниците добивале логистички материјали.

На таа локација била испукана канонада ракети, од кои едната погодила место во близина на зградата каде стоеле војниците. Повредени се и членови на логистичкиот конвој.

Од 19 повредени, четворица војници се во тешка состојба.

Ранетите војници заедно со уште еден војник кој утрово бил тешко повреден во борбите во јужен Либан, се евакуирани во болниците на лекување.

Директорот на Форд призна дека вози кинески електричен автомобил Xiaomi SU7: Не се откажувам

Џим Фарли, извршен директор на Форд, откри неочекуван факт: тој веќе шест месеци го вози Xiaomi SU 7, првиот електричен автомобил од Xiaomi.

Во изјавата за „The Fully Charged Podcast“, Фарли истакна дека е фасциниран од перформансите на кинескиот EV до тој степен што не планира да се откаже од него.

„Донесовме еден од Шангај до Чикаго и јас го возам веќе шест месеци“, рече Фарли. „И не планирам да се откажам од него.“

Оваа изјава доаѓа во време кога сѐ повеќе се зборува за кинеска доминација на пазарот на електрични возила. Xiaomi, кој е познат како технолошки гигант, влезе на автомобилската сцена кон крајот на 2023 година со Xiaomi Speed ​​​​Ultra 7, луксузен електричен седан со цена од 30.000 долари. SU7 Max може да помине повеќе од 500 милји со едно полнење, надминувајќи ги перформансите на Model S на Tesla.

Отворените пофалби на Фарли за автомобилот ја осветлуваат промената во конкурентната динамика, при што кинеските марки повеќе не се само поддршка, туку сериозни играчи на глобалниот пазар. Xiaomi моментално продава помеѓу 10.000 и 20.000 единици месечно.

Во обид да се справи со зголемената конкуренција од кинеските производители на ЕВ, Форд формираше тим од инженери „Skunk Works“ со задача да развие поевтина EV платформа. Исто така, компанијата го одложи лансирањето на електричните SUV модели со три реда седишта, како и на следната генерација на пикап камиони, со цел да се фокусира на подостапни верзии на ЕВ.

На настанот на Морган Стенли во 2023 година, Фарли јасно стави до знаење: „Кина е најголемата закана за американската автомобилска индустрија“. Оваа изјава дополнително ја потврдува неговата подготвеност да соработува со кинеските производители, особено во областа на батериите, кои го сочинуваат најголемиот дел од трошоците за возилата за EV.

Маск на почетокот на октомври донирал 44 милиони долари во кампањата на Трамп

Милијардерот Илон Маск дал околу 44 милиони долари во првата половина на октомври на политичкиот акционен комитет „America PAC“ за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, објави Федералната изборна комисија.

Претходниот извештај на истото тело покажал дека Маск дал околу 75 милиони долари на политичкиот акционен комитет „America PAC“, чиј основач и главен финансиер, за три месеци, меѓу јули и септември, пренесе Ројтерс.

Америка PAC, која е фокусирана на мотивирање на гласачите да излезат на гласање во спорните држави кои би можеле да го одлучат исходот од претседателските избори на 5 ноември, на кои Доналд Трамп и демократската кандидатка Камала Харис се тесно изедначени, рече дека потрошила вкупно повеќе од 47 милиони долари на кампањата во првата половина на октомври.

Маск најави дека секој ден до претседателските избори, на 5 ноември, ќе доделува по милион долари на гласачите на своевидна лотарија, за да ја зајакне кампањата за републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Кампањата на Трамп одделно објави дека потрошиле повеќе од 88 милиони долари на реклами во првата половина од месецот.

притисни ентер