„Ноќите на дивиот крал“: Уште една тужба против Диди

Во новата тужба поднесена против американскиот рапер Шон Комбс, познат како „Диди“, негов поранешен вработен дава увид во контроверзните забави на некогаш познатиот музичар. 

Тужителот, според наводите, морал да чисти по неколкудневните секс-забави.

Филип Пајнс го тужи Диди за сексуална злоупотреба, сексуално вознемирување и секс-трговија.

Мажот ги опишува „подготовките на хотелските соби за повеќедневните оргии на Пи Диди со жени“, коишто тој ги нарекувал „Ноќите на дивиот крал“. Таму, наводно, требало да има црвени светла, кофи за мраз, мед „за машкото либидо“, масло, лубриканти, крпи, алкохол, марихуана, други опојни средства и секс-играчки.

Музичарот, според тужбата, за чистењето крв, телесни течности, дрога итн. оставал и поголем бакшиш за вработените во хотелот, со надеж дека штетата ќе остане непријавена.

Натаму, Пајнс тврди дека Диди го принудил на секс додека овој гледал, а тужителот се чувствувал „како животно кое мора да ја докаже својата лојалност“, се наведува.

Тимот на Пи Диди ги отфрли наводите од тужбата, велејќи дека раперот „ќе победи на суд“ и дека се уверени во тоа.

„Без разлика колку тужби ќе бидат поднесени, тоа нема да го промени фактот дека г-н Комбс никогаш сексуално не нападнал или силувал некого, ни мажи, жени, ниту малолетници“, се вели во одговорот.

За потсетување, Диди беше уапсен на 16 септември во Њујорк, а сега е во притвор, каде што ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година.

Во постизборните насилства во Мозамбик загинаа 125 луѓе за три денови

Како резултат на насилството во изминатите три дена во Мозамбик, каде опозицијата протестира против прогласената победа на владејачката партија на изборите во октомври, според локална невладина организација, загинале 125 луѓе.

Во вторникот вечерта, владата соопшти дека 21 лице загинало во првите 24 часа од немирите во неколку големи градови во сиромашната јужноафриканска земја, откако во понеделникот беше потврдено дека владејачката партија Фрелимо победила на претседателските и на Националното собрание на изборите.

Но, Платформа ОДЛУЧИ, реномирана невладина организација чии податоци редовно ги користат Амнести интернешенел и други меѓународни невладини организации, објави за 125 жртви. Според невладината организација, бројот на жртви од почетокот на демонстрациите, по изборите на 9 октомври достигнаа 252 лица во земја која не била сведок на такво насилство од крајот на граѓанската војна, со исклучок на злосторствата извршени од вооружени џихадистички групи на северот на земјата.

Најмногу смртни случаи се регистрирани во регионот Мапуто, во северните провинции, особено во Нампула, каде што опозицијата е силна, и во регионот Беира (во централниот дел), вториот по големина град во земјата.

Во меѓувреме, шефот на националната полиција, Бернардино Рафаел, изјави дека најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот со максимална безбедност во главниот град на Мозамбик.

Рафаел, исто така, рече дека 33 затвореници загинале, а други 15 се повредени во судирите со безбедносните сили.

Затворениците избегаа за време на насилните протести во кои беа уништени полициски автомобили, полициски станици и инфраструктура, откако Уставниот совет на земјата ја прогласи владејачката партија Фрелимо за победник на изборите на 9 октомври. /МИА

Потврдена информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина

Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска потврди дека Украина заробила ранет севернокорејски војник, откако се појавија информации дека украинска специјална единица го заробила војникот, пренесе агенцијата Јонхап.

„Преку размена на информации во реално време со разузнавачка организација на пријателска држава, потврдивме заробување на ранет севернокорејски војник и планираме темелно да го следиме развојот на настаните“, се наведува во кусото соопштение на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.

Потврдата уследи откако украинската армиска новинска служба „Милитарни“ синоќа соопшти дека украинските сили го заробиле војникот за време на операции во руската Курска област, без да се наведе точниот датум на настанот.

Фотографија на наводниот севернокорејски војник, кој изгледа ранет, беше објавена на „Телеграм“. Засега нема повеќе детали за неговата состојба, додава „Јонхап“./МИА

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија во 2025 година

 Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија во 2025 година, соопшти денеска рускиот амбасадор во Пекинг Игор Моргулов.

„Што се однесува до конкретни билатерални настани, можам да кажам дека активно се изработуваат релевантните планови“, изјави Моргулов, пренесува БТА.

- Она што не е тајна е дека претседателот на Народна Република Кина се очекува во Русија следната година, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин последен пат го посети Пекинг во мај минатата година, каде што најави „нова ера“ во руско-кинеските односи, фокусирани на отпор кон американската политика. /МИА

притисни ентер