„Гответе со Дракче“ - Пудинг со џем од боровинки

Во понеделник (23.09.2024) во емисијата гостин ни беше Ивана Кнез

Состојки за денешниот рецепт:

1 пудинг од ванила

500 мл. млеко

4 - 5 лажици мед

1 пакување смрзнати боровинки

3 лажици чија семе

1 лимон

1 лажичка цимет

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Макрон ги нарече членовите на преодниот совет на Хаити „тотални кретени“

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече членовите на преодниот совет на Хаити „тотални кретени“ поради разрешување на премиерот, според видео снимено на Самитот на Г20 во Бразил оваа недела и споделено вчера на социјалните мрежи.

На видеото од Самитот на Г20 се гледа разговор меѓу францускиот лидер и друго лице кое ги обвинува Макрон и Франција дека се „одговорни за ситуацијата на Хаити“.

Преодниот совет на Хаити го разреши премиерот Гери Конил по само пет месеци на функцијата, што Макрон во видеото го нарече „ужасно“ .

„Тие се тотални кретени“, рече Макрон говорејќи за преодното тело, додавајќи дека „никогаш не требало да го сменат“.

Осудувајќи ги тие изјави, Министерството за надворешни работи на Хаити вчера соопшти дека по „неприфатливите коментари“ го повикало францускиот амбасадор Антоан Мишон.

Според соопштението на министерството, министерот за надворешни работи и богослужба на Хаити, Жан-Виктор Харвел Жан-Батист изразил „огорченост“ на состанокот во име на преодниот совет, кој, како што рече, ги сметал забелешките како „непријателски и несоодветен гест што мора да се поправи“.

На видеото се гледа францускиот претседател, кој е на турнеја низ Латинска Америка и неодамна стигна во Чиле, како ги обвинува Хаиќаните дека „дозволиле да завладее трговијата со дрога“.

„Искрено кажано, Хаиќаните го убиле Хаити“, вели францускиот претседател во видео снимката.

Бизнисменот Аликс Дидие Филс-Аиме положи заклетва како нов премиер на Хаити на 12 ноември, ветувајќи дека ќе ја врати безбедноста во земјата разурната од кризата./МИА

ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Според Канцеларијата на ОН, меѓу 1.722 раселени Палестинци до 7 октомври 2023 година, имало 835 деца.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека израелските доселеници со насилство, заплашување и малтретирање за нешто повеќе од една година протерале повеќе од 1.720 Палестинци во бедуински и други овчарски заедници од нивните домови на окупираниот Западен Брег, пренесе денеска Ал Џезира.

Според Канцеларијата на ОН, меѓу 1.722 раселени Палестинци до 7 октомври 2023 година, имало 835 деца.

Во својот последен извештај за окупираниот Западен Брег, Канцеларијата на ОН, исто така, наведува дека меѓу 12 и 18 ноември, вкупно 25 Палестинци, вклучително и деца, биле раселени како резултат на насилството на израелските доселеници насочено против нив.

Во извештајот што го пренесува Ал Џезира, исто така, се наведува дека во еден напад од вооружени доселеници на 15 ноември, напаѓачите им се заканувале на палестинските семејства со оружје дека ќе мора да ги напуштат своите домови и ги предупредиле дека ќе бидат запалени доколку останат.

„За време на нападот, доселениците скршиле прозорци и физички нападнале татко и неговиот син. Таткото подоцна пријавил дека неговото семејство било трауматизирано и морало да замине без да ги собере своите работи“, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања./МИА

Општина Ѓорче Петров: 40.000 нови садници засадени за зелено Ѓорче!

Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. 

Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Македонски шуми“, општинската администрација, раководството на компанијата Адинг и градоначалникот на општината Александар Стојкоски.

На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање на природната вегетација и заштита на биодиверзитетот.

Градоначалникот Александар Стојкоски изјави дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина:

„Пошумувањето не е само обврска, туку инвестиција во иднината на нашата заедница. Благодарност до сите кои се вклучија и покажаа дека заедно можеме да постигнеме големи резултати.“

Опожарените површини во атарот на Кучково, кои со години беа еколошки проблем, сега добиваат нов живот благодарение на заедничкиот ангажман на локалните власти, институциите и приватниот сектор.

Оваа акција е доказ за тоа како преку соработка може да се постигне значителна промена во насока на зачувување и обновување на природата. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со вакви иницијативи, кои имаат за цел да го направат регионот позелено и поздраво место за живеење.

притисни ентер