ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Според Канцеларијата на ОН, меѓу 1.722 раселени Палестинци до 7 октомври 2023 година, имало 835 деца.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека израелските доселеници со насилство, заплашување и малтретирање за нешто повеќе од една година протерале повеќе од 1.720 Палестинци во бедуински и други овчарски заедници од нивните домови на окупираниот Западен Брег, пренесе денеска Ал Џезира.

Според Канцеларијата на ОН, меѓу 1.722 раселени Палестинци до 7 октомври 2023 година, имало 835 деца.

Во својот последен извештај за окупираниот Западен Брег, Канцеларијата на ОН, исто така, наведува дека меѓу 12 и 18 ноември, вкупно 25 Палестинци, вклучително и деца, биле раселени како резултат на насилството на израелските доселеници насочено против нив.

Во извештајот што го пренесува Ал Џезира, исто така, се наведува дека во еден напад од вооружени доселеници на 15 ноември, напаѓачите им се заканувале на палестинските семејства со оружје дека ќе мора да ги напуштат своите домови и ги предупредиле дека ќе бидат запалени доколку останат.

„За време на нападот, доселениците скршиле прозорци и физички нападнале татко и неговиот син. Таткото подоцна пријавил дека неговото семејство било трауматизирано и морало да замине без да ги собере своите работи“, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања./МИА

Пет часа беше затворен аеродромот Гетвик, на патниците ќе им ги вратат парите за билети (ВИДЕО)

Хаосот траеше повеќе од пет часа на лондонскиот аеродром Гетвик, кој го затвори јужниот терминал од безбедносни причини, ги евакуираше патниците од зградата и ги предупреди „веднаш да излезат и да се држат настрана“.

Тим за отстранување на експлозивни направи беше испратен на аеродромот откако во багажот бил откриен „сомнителен забранет предмет“, соопшти полицијата, додавајќи дека безбедносниот кордон ќе остане на место околу јужниот терминал на аеродромот и дека тим за отстранување експлозивни направи (ЕОД) бил распореден „претпазливо“.

Аеродромот Гетвик, кој се наоѓа на 48 километри јужно од центарот на Лондон, е втор најфреквентен во Велика Британија, а поради денешното затворање на јужниот терминал, сообраќајот во тој дел е значително нарушен, па полицијата ги советува патниците да избегнуваат пристигнување.

Компанијата „Gatwick Express“, која нуди брз трансфер меѓу аеродромот и центарот на Лондон, објави дека нејзините возови не сообраќаат до аеродромот, пренесува Sky News.

Снимките на социјалните мрежи направени надвор од аеродромот покажуваат толпи патници кои се оддалечуваат од зградата на терминалот. На патниците кои стоеле во близина на аеродромот во еден момент им биле дадени заштитни фолии за да се заштитат од дожд и студ, со оглед на тоа дека температурата била само неколку степени над нулата.

Претставниците на аеродромот рекоа дека евакуацијата е „мерка на претпазливост“ и дека безбедноста на патниците и персоналот е нивен главен приоритет и дека работат на решавање на проблемот што е можно поскоро. Во исто време, летовите од северниот терминал се одвивале без никакви проблеми.

Аеродромот препорача одложување на патувањата, додека портпаролот на аеродромот рече дека купените билети ќе бидат вратени без дополнителни трошоци.

Уште еден автомобилски бренд се откажа од планот за електрификација

И покрај значителниот раст на продажбата, култниот британски бренд ги менува плановите.

Лотус силно ја прифати електрификацијата. Покрај најмоќниот спортски автомобил, во понудата вклучи и повеќе електрични производи. Сите тие се дел од амбициозниот бизнис план Vision80, претставен во 2018 година, кој предвидуваше Lotus да стане електричен за само десет години.

Според тој план, Lotus требаше да ги напушти бензинските мотори во 2028 година. Но, во новите пазарни услови, во кои растот на продажбата на електрични автомобили не оди со очекуваното темпо, Lotus е принуден да ја крене рачната сопирачка.

Компанијата сега го објави т.н План за супер хибридни погони, погонски системи каде што има и „продолжувач на опсегот“. Ова значително би го зголемило досегот додека ќе се одржат препознатливите перформанси. Фенг Кингфенг, првиот човек на Lotus групацијата, ја потврди оваа информација велејќи дека Lotus ќе развие Super Hybrid технологија со ултра-брзо plug-in полнење, со турбо мотор со внатрешно согорување за зголемување на вкупниот опсег на 1100 km, пишува Autocar.

Тој не кажа кои модели ќе добијат хибридни погонски агрегати, но Lotus би можел да ги надгради теренецот Eletra и седанот Emey со оваа технологија, како и да го додаде во претстојниот SUV кој ќе му конкурира на Macan на Porsche.

„Во Lotus, секогаш сме ја избирале најдобрата достапна технологија за напојување, без разлика дали е чист бензин, чист електричен, хибриден или со продолжен опсег (EV)“, рече Фенг во интервју за Wall Street Journal (WSJ).

За потсетување, кинескиот премиум EV марка Zeekr, кој исто како и Lotus е во сопственост на Geely, неодамна објави дека ќе почне да нуди plug-in хибридни возила. Lotus испорача 8.631 возило во првите 10 месеци од годината, при што Европа учествува со 35% од продажбата, а Кина 25%.

Успешната приказна на Елена Лука е презентирана на регионалната конференција за жени Профемина

Успешната приказна на Елена Лука денеска беше презентирана на регионалната конференција за жени Профемина.

Сопственичката и генерална менаџерка на „Елена Лука“ и „Елена Лука Хоум“, Елена Пандева истакна дека клучот на успехот лежи во сериозниот пристап и истрајноста, а успехот и во светот на модата и градежниот сектор се темелат на постојаните истражувањата за тоа што се бара на пазарот, а потоа применување на врвни стандарди и квалитет при работењето...

Актуелен проект на Елена Лука-Хоум во моментов е комплкесот Futura-луксузен објект граден по највисоки стандарди, додека во Елена Лука веќе е достапна новата луксузна линија на женски костими..

притисни ентер