„Гответе со Дракче“ - Проја

Во вторник (17.09.2024) во емисијата гостин ни беше Маргица Антевска

Состојки за денешниот рецепт:

6 јајца

8 мали филџани минерална вода

6 филџани пченкарно брашно

6 филџани обично брашно

5 филџани масло за јадење

100 гр. сирење

100 гр. шунка

3 - 4 кисели краставички

1 ќесичка пециво

3 лажички сусам

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици - протест пред Град Скопје, се бара оставка

Автобусите на ЈСП од утринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви... 

Од скандирања за оставка на скопската градоначалничка Арсовска, до свирчиња, сирени и транспаренти со пораки за надминување на проблемите пред Град Скопје, последниот колапс на јавниот превоз ги извади на протест студентите, средношколците и граѓаните на Шуто Оризари. Граѓаните на Шуто Оризари побараа одговорност за состојбите, бидејќи велат веќе три години немаат соодветен превоз како општина, студентите се пожалија дека останале без превоз среде колоквиумска и испитна недела, а средношколците дека веќе три месеци борба водат да стигнат на првите часови.

По дводневниот колапс на јавниот транспорт утринава постојките повторно беа полни со граѓани, но за разлика од изминатите два дена тие дочекаа автобуси.

Градоначалничката Данела Арсовска на вчерашната седница на градското собрание се заблагодари на Владата за отворањето на стоковите резерви за да се снабдат автобусите со гориво. Таа воедно кажа дека од ваквата постапка треба да се извлече поука, па интересот на граѓаните да се стави над секое политичко несогласување.

Директорот на ЈСП – Драги Кушовски посочи дека во моментов во процедура се две постапки за набаква на гориво, една краткорочна која треба да се реализира наредната недела, другата која треба да даде трајно решение на 3ти декември. Како олеснителна околност го гледа тоа што претпријатието ќе може директно да преговара со добавувач за гориво.

Од Финансовата полиција пак за Канал 5 посочија дека веќе постапуваат по дадените насоки од ОЈО Скопје и дека по извршените проверки и деталната анализа на документацијата за претходните јавни набавки на ЈСП за гориво ќе достават поднесок до обвинителството.

Двејн Џонсон дојде на премиера со ќерките, па ги забавуваше сите (ВИДЕО)

Премиерата на анимираниот филм Moana 2 се одржа на Хаваи, а актерот Двејн Џонсон се појави со сопругата Лорен Хашијан и нивните две ќерки, 8-годишната Јасмин и 6-годишната Тијана.

Актерот, кој за оваа пригода носеше зелен костум, цело време гордо позираше со семејството.

Според странските медиуми, Двејн бил најголемата атракција на премиерата, а во еден момент ја почестил публиката со настап.

@enews Can we get a Chee Hoo for #DwayneJohnson’s arrival to the #Moana2 ♬ original sound - E! News

Инаку, првиот дел од оваа анимирана серија излезе во 2016 година, а најмногу доби позитивни коментари од критичарите, кои ги пофалија анимацијата, музиката и вокалните изведби. Филмот заработи повеќе од 687 милиони долари ширум светот (околу 660 милиони евра). На 89-тото доделување на Оскарите, филмот доби две номинации за најдобар анимиран игран филм и за најдобра оригинална песна за „Колку далеку ќе одам“.

На крајот на мај оваа година беше објавен тизер трејлерот за Moana 2 и за само еден ден стана најгледаниот трејлер во историјата на анимираната империја на Дизни, која ја сочинуваат Walt Disney Animation Studios и Pixar. Имено, во првите 24 часа е прегледан 178 милиони пати, повеќе од кој било друг трејлер за анимиран филм досега.

Заплетот на продолжението се фокусира на Моана, која се впушта во неочекувана авантура откако одговорила на повикот на нејзините предци, слично на првиот филм. Моана, изразена во анимираниот филм на Auli'i Cravalho, во објавениот тизер вели: „Ова е повикот на предците да пловат кон ново небо и повторно да ги поврзат нашите луѓе преку океанот“.

Во вториот филм гласот на полубогот Мауи повторно го дава Двејн Џонсон, а Дејвид Дерик Џуниор, Џејсон Хенд и Дејна Леду Милер го режираат анимираниот филм. Дејвид Дерик Џуниор го напишал сценариото.

Владина делегација во дводневна посета на Србија за саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Во Белград почнува саемот „Винска визија на Отворен Балкан“...

Македонија е претставувана од владина делегација предводена од премиерот Мицкоски кој попладнево веќе се сретна со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ...

Во Белград е Сандра Спасовска... Сандра пред премиерот Мицкоски имаше и обраќање на саемот, што кажа тој?

притисни ентер